Лукот поефикасен од антибиотиците против бактериското труење со храна

Ако се чувствувате лошо поради труењето со храна и имате чувство дека повеќе не ви се јаде, тогаш лукот е вистинско решение за вас. Докажано е дека тој е поефикасен од многуте антибиотици во борбата против труењето со храна.

dobivaj vesti na viber

Активните состојки се во можност да ја скршат мембраната кај голем број бактерии кои тешко може да се уништат.

Истражувањето е објавено во списанието Journal of Antimicobial Chemotherapy каде што се тврди дека не само што лукот е поефикасен од „ципрофлоксацинот“ и „еритромицинот“, туку му е потребно помалку време за дејствување. Истражувањето се темели на испитувања на заедничката бактерија која предизвикува труење со храна – кампилобактер.

Во многу култури во текот на годините лукот, како што е зеленчукот, бил користен за лекување разни состојби – кожните проблеми и неплодноста. Заедно со ѓумбирот, лукот долго бил поврзуван со подобрување на здравиот дигестивен систем, спречување и лекување на болестите на срцето, како и против акните, а има и антиоксидативно влијание.

Главната причина што повеќето луѓе не го сакаат суровиот лук е поради неговиот мирис. Двата најдобри начина за ова прашање е да се земат мирисливи капсули од лук или уште подобро да се консумираат неколку лажички лук со свеж магдонос. Не само што ќе има позитивни ефекти што се однесува до вашиот здив туку тој има и здравствени предности, како што е неутрализацијата на карциногените влијанија и засилувањето на здравиот нервен и имунолошки систем.

Лукот нема медицински нуспојави за разлика од антибиотиците, како што се „цирпофлоксацин“ и „ертромицинот“, чии нуспојави се: пролив, болки во стомакот, оштетен црн дроб, слабост на мускулите, слабеење на тетивите и тешкотии со дишењето. Се чини дека малку лош здив е премала цена што ќе ја платиме за природниот лек кој не само што е поефикасен туку и е далеку побезбеден.

Фармацевтската индустрија има поинаква историја на производство на лекови кои се борат против инфекции, но тие предизвикуваат нуспојави кои се уште полоши од изворната болест.

Праксата на користење на природните работи за лекување болести е постојано под притисок на разни лоби-групи кои се уфрлени во фармацевтските компании. Тие групи користат дезинформации и таканаречени експерти кои тврдат дека природните работи и нивните деривати се неефикасни и дека треба да се забранат или цврсто да се регулираат.

Овие експерти обично се лекари платени од страна на фармацевтските компании и често тврдат дека користењето на природните лекови ги спречува луѓето да земаат реални лекови кои се ефикасни.

Тоа очигледно е лага во случајот со лукот како и со многу други природни билни лекови.

Секој лекар што тврди дека природните работи немаат ефект на човечката физиологија не треба да гледа подалеку од природните лекови, како што се лукот, опиумот, „аспиринот“, кофеинот, кодеинот и многу други. Всушност, преку пребарувачот „Гугл“ може да се најдат повеќе од 300 важни лекови од природни извори.

Многу е лесно да се забележи дека ваквите експерти се платени од страна на фармацевтските компании.

Тие што тврдат дека билките немаат предност за здравјето, а во исто време фармацевтските компании ги користат за креирање свои производи, сигурно генерираат огромни профити.

 

 

 

Scroll to Top