Мајка од Детроит одби да го вакцинира детето па заврши во затвор

Во земјата на слободата беше направен преседан. Родителите можат да завршат во затвор ако одберат да не ги вакцинираат своите деца. Случајот од Детроит, кој претставува повреда на правата, е без преседан и би требало да ги загрижи и најстрогите заговорници на вакцините. Мајката е осудена на затвор поради тоа што не дозволила нејзиниот 9-годишен син да биде вакциниран.

Веќе одамна се известува за кратење на јавните услуги, како на пример вакцинацијата на децата во школите и градинките, како и детскиот додаток, но идејата  некој да биде испратен во затвор затоа што одбрал да се воздржи од вакцинација на своето дете е застрашувачка.

„Попрво би седела зад решетки поради она во што верувам отколку да го прифатам она во што не верувам“, изјави Ребека Бредов минатата недела, на денот кога ѝ беше зададен ултиматум и требаше да избере вакцинација или затвор.

Судијката Карен Мекдоналд изјавила дека таа го крши судскиот налог со невакцинирање на своето дете и ја осудила на затвор.

Поради тоа што одбила да оди против своите уверувања и да го вакцинира својот син, таа наредните седум дена ќе ги мине во затвор како вистински криминалец.

Како што извести „WXYZ“, Ребека верува дека родителите имаат право на избор, да стојат зад својот став за своите деца втемелен на родителското знаење за вакцините и децата.

Ребека изјави дека таа и сопругот донеле одлука да не дозволат вакцинирање на нивниот син со некои од вакцините.

„Кога почнаа да ги групираат вакцините и од пет-шест вакцини да направат една, се откажав од нив“, вели таа.

Но, таткото, кој нема старателство над детето, се предомислил и сега сака да го вакцинира синот. Ребека не се согласила со тоа, но судот не покажал нималку грижа за тоа што мисли таа, и покрај законот во државата Мичиген кој допушта да се откажете од вакцинација.

Ребека вели дека тие никогаш не сакале да ја слушнат нејзината страна од приказната, и покрај тоа што таа има старателство над децата. Судот едноставно автоматски застанал на страната на таткото, кој сакал нивниот син да биде вакциниран.

Вакцинацијата на децата е секако одлука на двајцата родители, но да се отфрли желбата на едниот од нив и истиот да заврши во затвор ако не се согласува со вакцинацијата е многу блиску до тиранија.

„Зошто судот автоматски застана на страната на таткото кој сака неговиот син да биде вакциниран? Што е со мојот избор како мајка?“, вели Ребека.

Судијката Мекдоналд напомена дека детето има двајца родители и дека таткото има предност. Но, доколку улогите би се смениле, дали тогаш таткото би завршил во затвор?

„Се чувствувам гневно. Се чувствувам како прикована во ќош. Чувствувам како да ми се одземени моите права да одлучувам како родител за тоа што е најдобро за моето дете“, изјави Ребека, која сега чувствува гнев кон државата.

Иако веројатно ќе постојат луѓе кои ќе ракоплескаат на оваа ситуација, замислете како би се чувствувале кога ќе ви биде одземена слободата.

Ниту една личност не би требало да биде под социјален притисок или притисок од владата поради примање на кои било лекови или третмани, вклучувајќи ја и вакцинацијата.

Додека Ребека е во затвор, државата сепак ќе го вакцинира нејзиното дете, вели судијката.

Сега, во земјата на слободните, преседанот е поставен. Родителите можат да бидат фрлени во затвор ако одберат да не ги вакцинираат своите деца. Амин!
 

Scroll to Top