Меѓу 2050 и 2070 година суша ќе завладее со планетата

Нови вознемирувачки сознанија за климата кои доаѓаат од ОН покажуваат дека последните три години биле најтопли во историјата и се очекува екстремно жешко да биде и во оваа 2018 година.

Годинава што измина беше година со најмногу штети од екстремни климатски непогоди во историјата, се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација WMO.

Во извештајот за глобалната клима Петери Талас, главниот советник на WMO, вели дека 2018 година почнала таму каде што 2017 застанала, со екстремни временски услови кои земаат човечки животи и уништуваат имоти.

Потврдено е дека 2016 година била најтопла во историјата, додека 2017 година и 2015 се веднаш зад неа. А сето тоа поради постојаниот тренд на загревање и поголемата емисија на гасови од стаклената градина.

Во извештајот стои дека во 2018 година се покажало дека Австралија и Аргентина страдаат од екстремни бранови на топлина, дека сушата продолжува во Кенија и Сомалија и дека Кејптаун се бори со недостиг на вода.

Се наведува дека необично високите температури на Арктикот во 2018 година се во спротивност со жестоките зимски бури во Европа и Северна Америка.

За потсетување, во 2015 година речиси 200 држави во рамките на Парискиот климатски договор се обврзаа индустријата да ја насочат на фосилни горива. Сепак, тоа не иде така лесно, а експертите предупредуваат дека и покрај тоа што глобалното затоплување ќе се ограничи, што е договорено со Парискиот договор, а кој би можел да се однесува на периодот од 2052 година до 2070 година, дури 24% од  површината на планетата ќе стане сува.

Но, американскиот претседател, Доналд Трамп,  не верува во сето тоа. Според него, емисијата на гасови не е главната причина за загревање на планетата, а се сомнева и во теоријата за глобално затоплување.

Затоа и најави дека неговата земја ќе се повлече од Парискиот договор, па Америка и понатаму ќе ја промовира употребата на гас, нафта и јаглен. А познато е дека баш Америка и Кина се најголемите загадувачи кога станува збор за ефектите од стаклената градина.

 

 

 

 

Scroll to Top