Милијардерот педофил, пријател на Клинтон и Трамп, тврди дека е невин

Американскиот милијардер и регистиран сексуален напаѓач Џефри Епстајн се изјаснил денеска пред судот дека не е виновен за обвинувањата поврзани со трговијата со луѓе поради давање сексуални услуги.

Епстајн ќе остане во пртвор најмалку до сослушувањето, кое е закажано за в четврток, каде ќе биде одредена и кауција за негово ослободување. Епстан е уапсен изминатиот викенд на аеродром во Њујорк, по неговото пристигнување од Париз.

Обвинителството истакнало дека постои висок ризик Епстајн да побегне со авион и дека треба да остане во притвор до почетокот на судењето. Како што велат од обвинителството, Епстајн имал три активни американски пасоши, со кои редовно патува и надвор од земјата со приватен авион.

Епстајн се товари дека создал и водел мрежа која овозможува експлоатирање и сексуална злоупотреба на десетина малолетни девојчиња во периодот од 2002 година до 2005 година.

Епстајн е веќе осуден поради сексуална злоупотреба на малолетни деца, а со судот склопил договор за признание на вината и наместо доживотна казна затвор, милијардерот бил казнет со 13-месечна затворска казна и паричен надомест за своите жртви, како и да биде регистриран во регистарот за сексуални напаѓачи.

Некои од жртвите на милијардерот биле помлади од 14 години, Епстајн злосторствата ги вршел во неговите куќи во Њујорк и на Флорида.

Епстајн бил пријател со поранешниот американски претседател Бил Клингон, британскиот принц Ендрју и американскиот претседател Доналд Трамп.

Уапсен другар на Трамп и Клинтон, американски милијардер продавал деца за секс

Scroll to Top