ММФ: Воведете данок на имот или ќе трпите последици

Според годишниот даночен извештај на Европската комисија, државите Естонија, Хрватска, Литванија и Словачка имаат најмало даночно оптеретување на имот.

Било какво понатамошно намалување на данокот, би требало да биде компензирано со воведување на современ данок на имот, е една од препораките на ММФ до хрватската влада. ММФ смета дека мора засилено да се штеди во периодот додека има економски раст, за да може да има резерви кога економијата ќе забави.

Вредносниот данок на имот го препорачува и Европската комисија и како што стојат работите, оданочувањето на недвижности ќе се трансформира во вечна задача сè додека една од хрватските влади не го испочитува.

Висок даночен терет

Според годишниот даночен извештај на Европската комисија, Естонија, Хрватска, Литванија и Словачка имаат најмало даночно оптеретување на имот, мерено според данокот по БДП. Естонија од данокот на имот, собира 0,3 проценти од својот годишен БДП, а останатите три земји по 0,4%.

Хрватска во 2016 година, имотот на своите граѓани го оданочила со 207 милиони евра Словенија со 254 милиони евра, а како БДП растело, а даночното оптеретување останало исто, таквиот данок се намалил од 0,5 % на 0,4% од БДП.

Како данок на имот, во даночниот извештај на Европската комисија за Хрватска, се споменува како данок на имот да се воведе и за куќите за одмор, како и данокот кој се плаќа при промената на сопственост на недвижнината, која лани е намалена од 5 на 4 %.

Сопствениците на недвижности во Хрватска годишно плаќаат околу 2 милијарди куни, односно 300 милиони евра комунален надоместок, нo тоа давање не се смета како данок на имот, иако комуналниот надоместок ги има сите карактеристики на данок.

Кога преку надоместокот ќе се соберат останатите имотни даноци, тогаш хрватските даночни приходи од имот би биле околу еден процент од БДП, што би ја сместило Хрватска во златната средина, меѓу старите и нови членки на ЕУ. 28 членки на ЕУ во просек од имотниот данок собираат 2,6 % од БДП, а најмногу во Франција 4,7%, Велика Британија 4,3%, Белгија 3,6%, а Германија 1,1 % од БДП.

Некогашните социјалистички држави се нешто поблаги кога е во прашање имотот на граѓаните: Словенија и Чешка наплаќаат по 0,6% од БДП, Полска 0,5%, Унгарија 1%, Бугарија 0,9%, Романија 0,6%.

 

Заедно со комуналната надокнада, која во обликот во кој постои во Хрватска никаде на друго место не се плаќа, даночниот терет на имот е сличен во Унгарија, односно натпросечно е висок во однос на останатите транзициски земји. Прашањето е зошто тогаш Европската комисија и ММФ ја повикуваат само Хрватска?

Воглавно затоа што другите работи се нарекуваат со вистинското име! Унгарците на пример, својот данок го нарекуваат данок на луксуз и го плаќаат сите кои имаат викендици или станови, со почетно ослободување за недвижности во кои луѓето живеат.

Тоа е приход на локалните единици, а самите стапки воглавно се врзани за вредноста на недвижностите. Сличен принцип постои и во другите држави, а основно правило е дека стапките на данок се поврзани за вредноста на недвижностите, со тоа што недвижностите во кои се живее имаат повластен даночен третман во однос на имотот кој се изнајмува или се однесува на земјиште.

Комуналниот допринес во Хрватска го плаќаат сите сопственици на недвижнсти, во помал број се примерите во Дубровник во однос на поедини славонски градчиња и воглавно не се зема во предвид вредноста и староста на имотот. Кај последните даночни реформи, министерот за финансии Здравко Мариќ се обидел комуналната надоместок, со неколку критериуми, во зависност од намерата и староста, да ја стави под ставката за данок, но поради отпорот на граѓаните, премиерот Пленковиќ го стопирал, со образложение дека целта на таа работа не е добро подготвена.

Независно од тоа, локалните власти и после тоа продолжиле со работите поврзани со масовната проценка на недвижностите.

Исто така даночниот терет на имот во Хрватска не е мал, но според критериумите по кои се оданочува куќата за одмор или се плаќа комунална надокнада, прилично двете работи се нерамномерни.

 

 

 

Scroll to Top