На „Гугл“ го открил исчезнатиот малезиски авион

Австралискиот инженер Питер Мекмех, кој има искуство во истраги на несреќи, неодамна изнел тврдење дека со помош на апликацијата Google Earth ги открил остатоците од малезискиот авион „MH370“, кој исчезнал за време на летот во 2014 година.

Како што тврди, остатоците од авионот се наоѓаат на 16 километри јужно од островот Раунд, кој се наоѓа на 22,5 километри северно од Марицијус, во делот на океанот кој претходно не бил пребаруван.

Во своите тврдења тој отишол и чекор понатаму кога изјавил дека верува дека американските официјални лица ја одбиле потрагата во тоа подрачје, но дека остатоците се полни со дупки од куршуми.

Четворица американски истражители се испратени во Австралија за да работат на случајот „MH370“, но Мекмех смета дека биле скриени клучните информации.

„Тој открива дека сите добиени информации остануваат скриени од јавноста, дури и од властите, но зошто? Тие не сакаат да го пронајдат авионот затоа што е полн со дупки од куршуми. Неговото пронаоѓање би отворило дополнителни прашања“, вели Мекмех.

Како што изјавил, информациите ги испратил до Австралискиот завод за транспорт и безбедност (ATSB), а таму не можеле во целост да ја исклучат можноста дека навистина станува збор за исчезнатиот малезиски авион.

Според првичните податоци, малезискиот авион „MH370“ паднал во Индискиот Океан шест часа по полетувањето. Исчезнале сите 239 патници, заедно со членовите на екипажот.

Scroll to Top