Нацистичката пропаганда била најмоќното оружје на Хитлер

Пред Втората светска војна пропагандата имала големо влијание за зацврстување на доминацијата на нацистите.

Тие влијаеле врз германскиот народ преку медиуми, плакати, поштенски марки, детски бајки и слично. Со оглед на тоа колку станале моќни, се чини дека нивните вложувања не биле залудни, но на тој начин ѝ нанеле голема штета на Германија од која таа не можела да закрепне децении по војната.

Шефот на пропагандата на Национал-социјалистичката германска работничка партија бил доктор Јозеф Гебелс, кој по доаѓањето на партијата на власт станал министер на пропагандата на Третиот рајх.

ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ОПОЗИЦИЈА

Сè до доаѓањето на Јозеф Гебелс на местото на шеф на пропагандата, Национал-социјалистичката германска работничка партија била исклучително слаба. Нивните пропагандни активности се засновале на организирање маршеви на Јуришниот одред (СА), на кои носеле партиски знамиња низ Минхен.

Гебелс се зачленил во Национал-социјалистичката германска партија во 1924 година. На почетокот бил против водството на Хитлер во партијата, но подоцна станал еден од неговите најблиски соработници.

ДОАЃАЊЕТО НА ВЛАСТ

Националистичката германска работничка партија имала голема поддршка од германскиот народ. Таа станала доминантна партија во Рајхстагот, па германскиот претседател Паул фон Хинденбург бил принуден на Хитлер да му го понуди местото на канцелар. Хитлер ја прифатил таа функција на 27 јануари 1933 година.

ШИРЕЊЕ ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ

Националистичката германска партија од 1920 година издавала свој официјален весник „Народен набљудувач“. Партијата го откупила во 1920 година и од тогаш станува нејзино официјално гласило.

ПЛАКАТИ

Најголемиот дел од нацистичката пропаганда бил преку плакатите, кои имале доминантно влијание во тогашното општество поради недостигот на модерната технологија. Плакатите носеле најразлични пораки. Преку нив ја покренале пропагандата за популаризација на еугените. Основале и судови за наследно здравје, кој носеле одлуки за присилна стерилизација на населението. На крајот спровеле акција во која се убиени 70 000 луѓе, а присилно биле стеризилирани 400 000 лица, за кои се говорело дека се недостојни за живот. Во таа категорија спаѓале противниците на режимот, криминалците, лицата со заостанат развој, хомосексуалците и слабите и неактивни.

ПОШТЕНСКИ МАРКИ

Како дел од основата на национал-социјалистичката идеологија, култот и неограничената доверба во водството, нацистичката пропаганда инсистирала на доверба во својот фирер Адолф Хитлер. Така неговиот лик можел да се види на плакатите, филмовите, поштенските марки и друго.

ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО БЕРЛИН

Националистичкиот режим вешто го искористил организирањето на Олимписките игри во Берлин во 1936 година за промоција на своите национал-социјалистички идеологии и своите погледи на светот. Германските спортисти носеле знамиња на Национал-социјалистичките германски работнички партии со доминантниот симбол – свастика.

Scroll to Top