Научници успешно оживеале отсечени свински глави

Свинските мозоци за првпат успешно биле зачувани во живот надвор од телата за време на еден нов контроверзен експеримент, кој на луѓето еден ден би можел да им овозможи бесмртност.

Мозоците на повеќе од стотина свињи успеале да преживеат до 36 часа по отстранувањето на главите, соопштиле истражувачите од Универзитетот „Јејл“.

Новиот експеримент би можел да отвори пат до трансплантација на мозоци и на луѓето да им овозможи да станат бесмртни со поврзување на нивните мозоци со вештачки системи кои би ги одржувале во живот по распаѓање на телото.

Докторот Ненад Шестан го претставил новиот метод во Националниот институт за здравје во Мериленд.

Научниците успешно успеале да ги отстранат главите на околу 200 свињи и да ги оживеат нивните мозоци по одвојувањето на главата од телото.

Органите биле поврзани со системот наречен BrainEX, кој клучните делови од мозокот ги снабдувал со крв богата со кислород.

Доктор Шестан навел дека во текот на експериментот е  откриено дела милијарди мозочни ќелии биле живи и здрави и дека постои можност мозоците бесконечно да се одржуваат во ваква состојба.

Следниот чекор би бил враќање на свеста. Неврологот наведува дека засега не е изведен ваков обид затоа што станува збор за дејствување на непознат терен.

Овој експеримент е многу значаен затоа што постои голема сличност меѓу функционирањето на свинскиот и човечкиот мозок, велат научниците.

Сепак, многумина не биле воодушевени од овој експеримент. Доста корисници на интернет го оцениле како неетичен.

„Ова е чисто зло. Целосно отсуство на емпатија“, напишал еден корисник на социјалните мрежи во коментарите.

„Можете ова да го сметате за успех единствено ако имате моралност како доктор Менгеле“, навел друг.

 

 

Scroll to Top