Научниците најавуваат 4 нови светски земјотреси – дали повторно го активираат ХААРП?

Ерупцијата на речиси 38 вулкани, која се случи годинава, создаде зрели услови за сеизмичка активност во подрачјето на Тихиот Океан.

Сеизмологот Роџер Билхам од универзитетот во Колорадо тврди дека во блиска иднина ваквата ситуација би можела да активира уште најмалку четири разорни земјотреси со сила од 8 степени во некои подрачја во светот.

Годинава два силни земјотреса се случија на југот во Јапонија, од кои едниот имаше сила од 7,4 степени, потоа еден во Еквадор со сила од 7,8 степени и оној во Мјанмар со јачина од 6,9 степени, беше почувствуван и во делови на Индија, каде што ги вознемири тамошните жители.

Невообичаено големиот број силни потреси што годинава се случија за краток период би можеле да предизвикаат голема светска катаклизма со јачина дури и повеќе од 8 степени, стравуваат експертите.

Научниците велат дека значителниот број потреси што се случија во јужна Азија и делови од Пацификот годинава веројатно значи дека би можеле да сведочиме на разорен потрес како оној од 7,9 степени што минатата година го погоди Непал, а кој усмрти осум илјади луѓе.

Сеизмологот Роџер Билхам од универзитетот во Колорадо тврди дека сегашната ситуација може да предизвика активирање уште најмалку четири силни земјотреси со сила од 8 степени. Ако тие, сепак, се случат, многу е веројатно дека во идинина ќе нè снајде многу пострашен катаклизмички потрес, смета Билхам.

Да потсетиме, на 14 април југот на Филипините го погоди земјотрес со магнитуда од 5,9 степени со епицентар кај островот Минданао. Ден подоцна земјотрес со магнитуда од 6 степени го стресе пацифискиот остров Вануату, кој се наоѓа во познатиот пацифички огнен прстен, објави United States Geological Survey.

 

 

Scroll to Top