Научниците предупредуваат дека колбасиците и сланината предизвикуваат рак

Новите упатства за рак објавени од страна на Светскиот фонд за истражување на рак, ги ставија сланината, кобалсиците и другите месни производи, на листата на опасна храна, наведувајќи дека нема „безбедни“ количини од оваа храна.

Дали за ваквиот потег може да ја обвиниме прехрамбената индустрија, која веројатно става хемикалии и други адитиви во мешавината, кои го прават таквото месо отровно?

Светскиот фонд за истражување на рак, наведува дека преработеното месо го зголемува ризикот од рак. Доктор Гиота Митои, директорот за истражување од фондот неодамна дал свое гледиште за ваквиот проблем.

„Најдобро е да не јадеме преработено месо. Ризикот се повлекува со потрошувачката“, вели Митои.

Може да се каже дека преработеното месо всушност не е храна, барем во споредба со домашната сланина или свежите домашни колбасици. Ставот дека вакумираното месо кое е полно со натриум нитрат, или пак мешаните месни производи кои ги купувате во супермаркет, се исти како и месото кое се добива од животни кои се хранат со трева е смешно.

Забраната на вистинските месни производи како сланината, ги става луѓето во дополнителен ризик. Токсичните адитиви предизвикуваат рак, а не храната.

Пишувајќи за британски Гардијан, Би Вилсон, напоменува дека секогаш постои можност сланината, колбасиците и другата храна која сега ја нарекуваме преработено месо, да не резултира со заболување од рак. Но, Вилсон исто така тврди дека постојат малку информации за признавањето на месната индустрија, која во последните 40 години била дел од голем број на кампањи и затскривања како и погрешно инфрмирање на граѓаните.

Како што Вилсон понатаму бележи, многу од нас го одбираат месото базирајќи се на неговата „розова боја“. Розовата боја која ја гледаме кај месните производи не е показател за присутноста на свежина, туку за присутноста на некаков отров какви што се натриум нитратот и нитриум нитратот.

Овие хемикалии се отровни, а не самото месо. Тоа што го нарекуваме преработено месо, повеќе е канцерогено отколку непреработеното месо, токму поради нитратот и нитритот, како и другите состојки кои се додаваат.

Нитратите природно се појавуваат во различен тип на овошја, но начинот на кои нитратите реагираат во месото се далеку поинакви. Одредени компненти во црвеното месо (железото, амини и амиди) делуваат во интеракција со нитратите за да настанат Н-нитрозо соединенија, кои се канцерогени, дури и во мали дози.

„Кога некој јаде сланина, колбасици или друго преработено месо, неговите црева примаат доза на нитрозамин, кој ги оштетува клетките на цревата и може да доведе до рак“, објаснува Вилсон.

Научниците веќе 60 години ја познаваат таа врска меѓу нитратот, нитритот и ракот, а сапк, наместо да ја посочат прехрамената индустрија како одговорна за продажбата на храна со токсини, на потрошувачите едноставно речено им е да конзумираат помалку и помало преработено месо.

Во 1970-те години индустријата на месо веќе знаела за врската меѓу нитрозаминот и ракот. Како што напоменале тогаш изворите, сланината и останатите јадења, можат да се произведат без дополнителни соединенија од нитрит и нитрат, но процесот на зреење ќе трае малку подолго.

Подолгиот процес на зреење значи и помал профит за индустријата, иако тоа би значело безбедна храна за останатите.

Иако е фер да се каже дека исклучиво јадењето на домашна сланина и колбасица без нитрат, не е најздравиот избор за прехрана, сепак останува фактот дека домашната сланина, за разлика од преработеното месо, не предизвикува рак.

 

Scroll to Top