Објавена последната фотографија од Адолф Хитлер

By

Бргу пред да изврши самоубиство во својот бункер, Хитлер излегол надвор со еден од наредниците на СС за да ја види штетата што настанала по бомбардирањето околу бункерот.

Тоа е последен пат како Хитлер е снимен на една фотографија, барем од сите оние за кои досега се знае.

На 30 април 1945 година на Хитлер му јавиле дека Берлин паднал во рацете на сојузниците и дека Третиот Рајх по 12 години, најверојатно, ќе биде уништен.

Хитлер по ваквите вести, набрзина се оженил со долгогодишната љубовница Ева Браун и истиот ден на својата секретарка Траудл Јунге во четири часот попладне ѝ ја издиктирал својата порака и имал краток политички говор пред членовите на партијата и германскиот народ. Потоа следувало самоубиството што го извршил со Ева. Тој си пукал во главата, а Ева проголтала цијанид.

Се разбира, тоа е верзијата на историските настани што ја напишале победниците.

Адолф Хитлер и неговата сопруга Ева Браун побегнале од Берлин на 28 април 1945 година. Во бункерот ги замениле двојници. До смртта престојувале во Патагонија со двете ќерки.

Но, всушност, не постои ниту еден физички доказ дека токму Хитлер и Ева Браун починале во бункерот. Во моментот на нивната смрт немало сведоци, а прочуениот дел од фиреровит череп, кој со децении бил чуван во Москва, конечно, во 2009 година е подложен на ДНК-анализа. Анализата покажала дека черепот ѝ припаѓа на непозната жена, стара меѓу 20 и 40 години, а која не е Ева Браун.

Теоријата на заговор за смртта на Хитлер се појави непосредно по завршувањето на Втората светска војна. Првата книга на таа тема е напишана во 1953 година. Главно секогаш се говорело за тоа како Хитлер и Ева побегнале во Јужна Америка, каде што живееле и имале деца. Во последната книга која изнесува една таква теорија напишана од британските публицисти Џерард Вилијамс и Симон Дунстан се тврди дека има повеќе докази оти Хитлер побегнал во Аргентина и дека скокнал во берлинскиот бункер.

„Постојат многу претпоставки дека Хитлер е мртов, но нема ниту еден најмал доказ за неговата смрт“, изјави на 12 октомври 1945 година американскиот генерал Двајт Еисенховер.

Службената верзија за смртта на Хитлер никогаш не ја прифатил ниту Сталин. Тој на Потсдамската конференција тврдел дека Хитлер побегнал – веројатно во Шпанија или Аргентина.

Еден американски сенатор, дури и понудил милион долари за доказ за смртта на Хитлер, но тие пари никој никогаш не ги добил. Најдолговечниот директор на ФБИ, Џ. Едгар Хувер, сето тоа до шеесетитте години на минатиот век го чувал во досие со извештаите за сите случаи кога Хитлер бил виден. Но, многу досиеја на ФБИ за Хитлер и Ева Браун никогаш не биле обелоденети, а меѓу нив имало и такви од британската тајна служба.

Авторите на книгата „Сив волк – Бегството на Адолф Хитлер“ сметаат дека Хитлер и Ева побегнале на 28 април 1945, а дека во бункерот што го пронашол Реичслејтер Мартин Борман биле нивните двојници.

Хитлер го заменил Густав Вебер, а Ева Браун една третокласна актерка од ергелето – Џосефа Гоебелс. Вебер бил двојникот на Хитлер од 20 април 1944 година кога на него бил извршен обид за атентат во волчјата дупка. Фирерот во тој момент бил сериозно повреден, па дури и посериозно од тоа што било објавено во јавноста. Вебер дури и го сменил Хитлер во моментите на последното службено фотографирање кога ги поделил медалите на припадниците на младината на Хитлер во неговата канцеларија.

Додека Хитлер и Ева бегале, двојниците ги глумеле два дена. Кога Борма се уверил дека Хитлер и неговата сопруга се на безбедно, двојниците се убиени и тоа, најверојатно, од раката на Хејнрих Милер (Гестапо), по што го исценирал нивното самоубиство.

На полноќ 28 април 1945 година, додека другите станари во фиреровиот бункер спиеле, Ева, овчарката Блонди, Мартин Борман и уште седуммина доверливи СС-овци тивко влегле низ бункерот до приватните одаи на Хитлер во зградата на стариот уред на канцеларијата. Таму бил скриен тунелот за бегство.

На крајот на тунелот ги чекал Херман Фегелеин, сопругот на сестрата на Ева, Грета Браун. Тој претходно Химлер го средил од воздух со „јункерс Ју-52“, кој групата ја чекал во Хохензолерндам. Групата излегла од тунелот кај Фехрбелинер плаца, каде што му се приклучиле сестрата на Ева, Илсе, и блискиот пријател на Фегел – Јоахим Румохр со сопругата. Од таму со три тенка ги префрлиле до пистата.

„Асошиетед прес“ и „Ројтерс“ во 1947 објавија разговор со пилотот Петер Баумгартом, кој тогаш се наоѓал во варшавскиот затвор. Тој тврдел дека лично ги пренесувал Хитлер, Ева и нејзиниот шура, Фегелин, од Берлин. Историчарите и истражувачите до денеска го игнорираа фактот иако се работеше за извештајот на две највлијателни новински агенции.

Баумгарт доби наредба да одлета до аеродромот во Тондер во Данска, некогашната база за цепелин во германското царство. Групата потоа се качила во друг авион, кој се префрлил до Травеминдеа на германскиот брег. Сестрата на Ева, Илсе, одлучила да остане во Германија, како и Румохр и неговата сопруга. Фегелеиновата сопруга Грета била во поодмината бременост, па заклучиле дека за неа е преопасно да патува. Сметале дека подоцна би било време и жената и детето да му се приклучат.

Преостанатите членови на групата се качиле во авионот што ги пренесол во Реус во Каталонија, подрачје што фашистите на генералот Франца го држеле по поразот на каталонските републиканци во Шпанската граѓанска војна. Следната станица била шпанските Канарски Острови (каде што постоела базата „Вила Винтер“), од каде што со подморницата „Класа IX“ тргнале кон Аргентина.

 

Ќе ви се допадне

Wonder Egg Priority Episode 1 at AnimeHeaven animeheaven dragon ball z

In Another World With My Smartphone (Dub) Episode 12 at website https://animefreak.ws anime freaks tv