Од истребувањето на Индијанците, па сѐ до Сирија – Америка не знае за мир!

Ниту еден претседател на САД не бил мирнодопски претседател. Секој од 44-те досегашни претседатели, барем дел од своето владеење минал како воен претседател.

Соединетите Американски Држави од своето постоење, па сѐ до ден-денес минале повеќе време во војување од која било земја на оваа планета. Од 1776 година до 2015 година, во 239 години постоење, САД биле во војна дури 222 години. Вкупно, само 17 години од американската историја минале без поголеми војни.

Од 1776 година до ден-денес не минала ниту една цела деценија, а Америка да не била во војна. Најдолг период кога САД мирувале бил периодот за време на големата депресија, меѓу 1935 година и 1940 година.

Овој факт можеби го објаснува делот зошто САД континуирано се држава со најголем воен буџет во светот. Годишно троши дури 1.747 милијарди долари на своите воени сили. Тој износ е еднаков на вкупниот од другите девет на листата на десет држави што најмногу трошат на буџетот за одбрана.

САД исто така се горди сопственици на половина од светската флота носачи на авиони, а со тоа и на секои од своите 10 носачи со нуклеарни реактори, кои се двојно поголеми од најголемите носачи на која било друга држава.

Повеќе од два века војување

Ако по некоја случајност изберете некоја година меѓу 1776 година и денес, шансите дека Америка во таа година била во војна се 93 отсто.

Од своето постоење САД војувале за независноста против Велика Британија и против локалните домородци. Потоа со Франција и Шпанија. Војувала и со пиратите сѐ до првите 50 години од своето постоење.

Потоа следувале серија војни со домородците, долгата војна против Мексико, граѓанската војна, серијата инвазии против Мексико во периодот меѓу 1889 година и 1896 година, па шпанско-американската војна, војната на Филипините, серијата војни на Карибите, кои траеле сѐ до 1934 година, а не смее да се заборави ниту американското учество во Првата светска војна.

Потоа следувал најдолгиот период на мир во американската историја, шест години без војна во периодот меѓу 1935 година и 1940 година, по што САД се вклучиле во Втората светска војна.

По 1045 година, почнува студената војна, а САД ги окупираат Филипините, па Јужна Кореја, па почнува корејската војна, па војната во Гватемала, па Виетнамската војна, која завршила во 1975 година, по што САД имале три години мир. Потоа ЦИА водела независна војна во Авганистан, од 1979 година, па следувал Заливот Сидра, конфликтот во Либан, конфликтот во Никарагва, конфликтот во Персискиот Залив, окупацијата на Панама, првата заливска војна во 1990 година, па конфликтот во Ирак, па бомбардирањето на Босна и Херцеговина, сѐ до 1997 година, која поминала мирно.

Веќе во 1998 година почнува бомбардирањето на Ирак и ракетирањето на Авганистан и Судан. Во 1999 година САД учествуваат во војната во Косово, а 2000 година била последната година на американскиот мир до денес.

Од тогаш почнува војната против тероризмот во Авганистан, Јемен, Ирак, Пакистан, Сомалија, кој во 2012 година се проширил и во Сирија.

На крајот на листата стигнала и граѓанската војна во Украина.

Список на американските војни:

4 јули 1675 – 12 август 1676 година – војната на кралот Филип со Индијанците

1689 -1697 – војна на кралот Вилијам од Англија со колонијата против Франција

1702 – 1713 – војна на кралицата Ана (војна за сукцесија во Шпанија)

1744 – 1748 – Војна на кралот Џорџ (војна на австриската сукцесија)

1756 – 1763 – војната на Франција и Индијанците (седум години на војна)

1759 – 1761 – војна против Чероките (англиски колонисти)

1775 – 1783 – американска револуција (англиски колонисти против Велика Британија)

1798 – 1800 – француско-американска војна

1801-1805;  – војна на САД против Мароко, Алжир, Тунис и Триполи

1812 – 1815 – војна од 1812 (САД со Велика Британија)

1813 – 1814  – војна на Соединетите Американски Држави против Индијанците

1836 – војна за независност (војна меѓу Тексас и Мексико)

1846 – 1848 – мексиканско-американска војна (војна меѓу САД и Мексико)

1861 – 1865 – американската граѓанска војна (војна меѓу Унијата и конфедерацијата)

1898 – шпанско-американската војна (САД и Шпанија)

1914 – 1918 – Прва светска војна

1939 -1945 – Втора светска војна

1950 – 1953 – Корејска војна

1960-1975 – Војна во Виетнам

1961 – инвазија на Заливот на свињите (САД и Куба)

1983 – Гренада

1989 – американска инвазија на Панама

1990-1991 – војната во Персискиот Залив (САД и коалициски сили против Ирак)

1995 – 1996 – интервенција во Босна и Херцеговина (Соединетите Американски Држави, како дел од НАТО-управува со мировните сили во делови на поранешна Југославија)

2001 – инвазија на Авганистан (САД и коалицијата против режимот на талибанците во Авганистан во борбата против тероризмот.)

2003 – инвазија на Ирак (САД и коалициските сили против Ирак)

2015 – Сирија (САД и коалициските сили против Сирија)

 

 

 

Scroll to Top