Орбан ги повика сите земји членки да излезат од Европската Унија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвинува Европската комисија за кризата во Европската Унија и ги повикува државите членки да го повлечат овластувањето што во овој момент в рака го држи самиот Брисел.

Орбан во реакцијата, која во целост ќе биде објавена во изданието на германскиот весник „Франкфуртер ајгемајне цајтунг“ во понеделникот повика да се стави точка на идеализирање на европскиот проект и укажал на излегувањето на Велика Британија од ЕУ како доказ за пропустите на Европската комисија.

Унгарскиот премиер во својата реакција истакнал дека кризата во ЕУ настапила поради отворањето на границите и прекумерните трошоци на некои држави членки и на  премолченото одобрение на Комисијата за која тврди дека требало да го спречи и едното и другото.

Двете најголеми европски достигнувања, заедничката валута и единствениот пазар кој е заштитен со шенген-зоната се наоѓаат во опасност, предупредува Орбан и додава дека лично помогнал во спасување на Европа и начинот на живеење на својот народ, така што ги затворил границите на Унгарија за мигрантите.

Унгарскиот премиер во својата реакција истакнува дека за да се воспостави рамнотежа на моќ внатре во Унијата, ЕУ треба да се промени, и тоа во корист на националните држави над европските институции.

Орбан предизвика бес кај претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кога одбил да го прифати неговиот предлог за системот на квоти за населување на мигрантите кои стигнуваат во Европа. Орбан е најгласен источноевропски противник кон муслиманските мигранти.

 

 

 

Scroll to Top