Орбан вети дека ќе се бори против сите кои сакаат да го сменат христијанскиот идентитет на ЕУ

By

Виктор Орбан вети дека ќе ја стави Унгарија на прво место и ќе се бори против сите оние внатре во Европската Унија кои сакаат да го променат христијанскиот идентитет на Европа.

dobivaj vesti na viber

Повторувајќи ги зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп, „Америка прва“, конзервативниот премиер Орбан се судри со белгискиот премиер Чарлс Михаел, кој изјави дека земјите од Средна Европа ќе бидат присилени да ги прифатат мигрантите, потег кој унгарската владејачка партија Фидес го опиша како изнуда.

„Претставништвото расправаше за неодамнешната најава на белгискиот премиер дека ако биде потребно и со сила ќе ги обврзе средноевропските земји, вклучувајќи ја и Унгарија, да ги прифатат имигрантите“, изјави унгарскиот премиер во видеото на „Фејсбук„ во средата.

Според нивниот план, тоа ќе се случи во јуни, на состанокот на врвот на ЕУ со претседателите на владите во Брисел.

„Нашето претседателство зазема став: Не можеме да ги прифатиме уцените. За нас, Унгарија е на прво место. Ќе се бориме со оние кои сакаат да го променат христијанскиот идентитет во Унгарија и во Европа“.

Во интервјуто за белгиски вести „Ле Соир“, премиерот Михел говорел за ултиматумот до земјите од Вишеградската група, кои одбиле да се солидаризираат.

Ултиматумот ќе биде спроведен ако консензусот не биде постигнат во јуни на Европскиот совет, кога планираните реформи ќе бидат усвоени со квалифицирано мнозинство на гласови кое ќе ги надвладее дисидентите (другите земји кои се против масовната миграција и се за суверенитетот на народот).

Како одговор на коментарите на премиерот Чарлс Михаел, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Питер Шијарто, изјавил:

„Унгарија нема да стане населеничка земја, никогаш нема да се согласи на тоа, и никогаш нема да прифати илегални имигранти“, на конференцијата за новинари во вторникот.

Тој додал дека коментарите на белгискиот премиер биле шокантни и скандалозни затоа што ова е првпат  луѓето во Брисел отворено да планираат наметната обврзувачка квота на преселувања со помош на сила и целосно игнорирајќи ја волјата на поедини земји членки на ЕУ.

„Унгарија никогаш не прифатила и никогаш нема да прифати илегални имигранти, без оглед дали постои некаков притисок во таа насока, по должина на границата или од Брисел“, изјави тој.

 

Ќе ви се допадне

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao My Hero Academia Season 2

watch anime online That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

anime online AnimeDao My Hero Academia Season 4

watch subbed anime AnimeDao Tokyo Revengers (Dub)

watch anime Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

tải go88