Осумдесет и осумгодишна Германка осудена на шест месеци затвор поради негирање на холокаустот

Осумдесет и осумгодишната Германка Урсула Хавербек е осудена на шест месеци затвор само затоа што имала погрешно мислење.

Судот во Берлин утврдил дека таа, која е позната како наци-баба, е прогласена за виновна поради поттикнување омраза тврдејќи дека холокаустот бил само фикција и дека немало гасни комори во концентрациониот логор во Аушвиц.

По неколкуте претходни пресуди, таа сè уште не е во затвор.

Урсула е страсна противничка на вистината за масовните убиства на Евреите во текот на холокаустот. На еден настан во Берлин во јануари минатата година тврдела дека холокаустот не се случил и дека никој не бил убиен во злогласниот логор на смртта во Аушвиц, место во кое се тврди дека згаснале 1,1 милион животи во периодот меѓу 1940 и 1045 година, главно Евреи.

Таа не ја признала вината и наводно цитирала книга во која пишувало за тој настан. Но, по проучувањето на полуминутната снимка од настанот, судот утврдил дека тоа бил нејзин говор и ја прогласил за виновна. Аргументот на нејзиниот адвокат дека овој прогон го крши нејзиното право на слобода на говор не доби ниту еден бод кај судијата. Уште повеќе, додека била на судењето, обвинета е и дека ја повторила изјавата.

Следниот месец се одржало судење со слични вакви обвинувања во градот Детмолд, случај што заврши со пресуда од осуммесечна затворска казна.

Обвинувањата се засновале на некои нејзини писма до градоначалникот на Делтмолд, во кои таа тврдела дека Аушвиц бил обичен работен логор.

Писмото било темпирано со судењето на поранешниот стражар во логорот на смртта во Аушвиц, Реинхолд Ханинг, кому му се судело во Детмолд. Судот на крајот го осудил Ханинг на пет години затвор поради помагање во убиство на 170.000 луѓе.

Во август нејзината жалба била одбиена од страна на надлежниот суд „Верден“ во Долна Саксонија, по што нејзината затворска казна била зголемена од 10 месеци на две години, без можност за помилување. Судот ја прогласил за виновна за поттикнување омраза.

Според германскиот закон, поттикот за омраза претставува не само поттик на омраза или насилство кон одредена група луѓе туку и одобрување, негирање или намалување на нацистичките злосторства.

Тие биле прогласени за виновни од страна на судот и сега може да се соочат со затворска казна до пет години затвор.

 

Scroll to Top