Откриена американска супертајна ракета

Телевизијата АBC news објави видео на кое се гледа американската суперлесна ракета „астра“, која ја произвела компанијата „Астра спејс“.

Телевизијата јавува дека таа компанија активно соработува со властите и војската, но дека за тоа не ги известила медиумите.

За ракетата се дознало од луѓето од околната база Аламди во Калифорнија, кои им раскажале на новинарите на АBC news дека виделе нова ракета што на отворено ја пренесувале во воен хангар, во кој се тестирале воените авиони.

„Слушнав хеликоптери и кога погледнав, видов како огромен камион носи голема ракета“, раскажа Медлин Тонзи.

Кога новинарите почнале да се распрашуваат за што се работи сфатиле дека компанијата што била задолжена за тој објект не била регистрирана.

Инаку, американските и руски медиуми веќе известиле дека Пентагон развива суперпрецизна ракета. Главната намена е да ја погоди руската ракета, пред истата да полета.

Scroll to Top