Отпуштена новинарката што повика на силување на ќерките на приврзаник на Доналд Трамп

Весникот „Ју-ес тудеј“ ја отпуштил колумнистката Чери Јакобус кога на „Твитер“ објавила повик на силување насочен кон ќерките на приврзаникот на американскиот претседател, Мајкл Капут.

Низ низата твитови што Јакобус ги објавила на „Твитер“ се нашол и тој во кој таа сугерира ќерките на Капут да бидат испратени на остров каде што би можеле да бидат малтретирани од разни елитни педофили.

„Нашите уредници испратија порака до Јакобус дека повеќе нема да може да пишува за „Ју-ес тудеј“, изјавил портпаролот на весникот кога го прочитал нејзиниот твит.

„Ја замоливме да ја тргне секоја ознака за „Ју-ес тудеј“ од нејзината биографија“, дополнил портпаролот.

Политичкиот портал The Hill исто така ја избришал секоја врска со Јакобус, која исто така работела за нив како колумнистка. Hill не планира да ги објавува нејзините текстови во иднина. Јакобус беше наш надворешен соработник. Но, не е повеќе“, пренесува порталот во Вашингтон, The Wrap.

Јакобус понудила објаснување за своите провокативни онлајн-изјави.

„Мојата објава на ‘Твитер’ беше одговор на неговите напади кон мене“, изјавила Јакобус, која исто така го обвинила Капут дека примила вознемирувачки пораки на „Твитер“, во кои републиканецот ја повикува да изврши самоубиство.

Во изворната објава на „Твитер“, Јакобус почнала лична комуникација со републиканскиот колега Капут.

„Дали вашите ќерки се грди како вас? Или Трамп може да ги употреби на забавите на Епстеин за да може да преживеат кога ќе останат без пари, кога ќе бидат очајни и ќе завршат заедно во затвор поради предавство“, напишала Јакобус.

Јакобус мислела на Џефри Епстеин, срамниот финансиер и мегадонатор на Бил Клинтон, кој во 2008 година бил осуден за силување и педофилија и кој завршил 13 месеци во притвор.

Твитер-објавите предизвикале брза реакција, особено во конзервативните медиуми, а Капут самиот побарал весникот „Ју-ес тудеј“ да преземе акција.

Јакобус е републиканка и е позната поради губењето на тужбата од 4 милиони долари за клеветата изречена против Доналд Трамп во декември 2017 година.

Таа го обвинила претседателот за уништување на нејзината кариера поради тоа што на „Твитер“ кон неа се однесувал како кон вистинска кукла.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top