Погубувањата во Белорусија се извршуваат во голема тајност

За време на 10-те месеци што ги чекал за извршување на смртната казна, Генадиј Јаковитски можел само да погодува дали станува збор за ден или ноќ поради слабата светлина што допирала низ заштитниот капак на прозорецот од неговата ќелија.

Лесно било да се изгуби чувството за време. Бил изолиран и забрането му било шетање на отворено. Посетите биле строго контролирани, а освен адвокатот, дозволено му било да го посети само еден близок роднина месечно.

Кога стражарите ќе пристигнеле до него, тој размислувал за тоа дали конечно стигнал крајот. Стражарите само ќе му одговориле: „Ти остана уште малку време“.

Смртната казна е извршена во ноември 2016 година кога имал 49 години, но неговото семејство тоа го дознало дури еден месец подоцна кога им стигнало писмо од затворот.

Додека затворениците во Белорусија, која е единствената европска држава со смртна казна, ги чекаат извршувањата на своите најтешки казни, тие никогаш не знаат кога тоа ќе се случи.

А кога смртната казна ќе се изврши, сѐ се чува како државна тајна.

Белорусија е единствената земја во Европа која и понатаму ја користи смртната казна, а тој процес се одвива под голема тајност. Точниот број на досегашните извршени смртни казни не е познат. Се верува дека повеќе од 300 егзекуции се извршени од 1991 година кога Белорусија станала независна земја.

 

 

Scroll to Top