Пол Крег Робертс: САД се најголемиот актер на воените злосторства во историјата

СРАМОТА Е ДА СЕ БИДЕ АМЕРИКАНЕЦ: „ВЕЌЕ ЧЕТВРТИ ПО РЕД НАШ ЛИДЕР Е ВОЕН ЗЛОСТОРНИК“

Дојде време кога е срамота да се биде Американец.

Поранешниот помошник-секретар за финансии во владата на Роналд Реган, Пол Крег Робертс, опишал како стојат работите во САД и во светот…

„Нашата земја има веќе четврти по ред претседател, кој е воен злосторник.

Бил Клинтон – НАТО-бомбардирањето во Југославија.

Џорџ Буш Помладиот – воената интервенција против Авганистан и Ирак, воздушниот напад на територијата на Пакистан и Јемен.

Барак Обама – го искористи НАТО за уништување на Либија и испрати платеници да ја растурат Сирија.

Доналд Трамп – ја нападна Сирија и така стана воен злосторник на самиот почеток на владеењето.

Заедно со европските, канадските и австралисите вазали на Вашингтон, во тие воени злосторства учествувале и обединетите народи.

Злосторствата на четворицата претседатели на САД доведоа до загинување и ранување милиони цивили. А милиони бегалци, кои стигнале во Европа, Велика Британија, САД, Канада и Австралија, донесле само проблеми.

Обрнете внимание на бескрајното неоправдано полициско насилство на полицијата кон граѓаните на САД.

Полицијата во САД извршува повеќе убиства од кој било друг. За разлика од насилствата на бандите, трговците со дрога, кои меѓусебно се борат за територија, полициското насилство има само една причина, љубовта кон насилството.

Насилство – тоа е Америка. Америка е насилство.

Малоумните либерали ги обвинуваат сопствениците на оружје, но насилството секогаш доаѓа од владата.

Не само сопствениците на оружје делумно или целосно ја уништија земјата. Со насилството, и тоа на сметка на даночните обврзници, се занимава владата на САД.

Почнувајќи од дебилот Клинтон, секоја влада на САД ги кршела договорите со Русија насочени на намалување на напнатоста и ризикот од термонуклеарна војна или, пак, дури и отстапувала од нив. Вашингтон со лаги ги објаснува своите агресивни дејствувања против Русија вклучувајќи го и поставувањето на PRO на границата со Русија тврдејќи дека е неопходно Европа да се заштити од непостојните ирански атомски ракети.

Режимот на Обама продолжи со лагите.

Знаете ли дека Русија е толку моќна, а нашата електронска шпионажа и ЦИА се толку слаби и беспомошни што Русија го одредила исходот на претседателските избори во САД?

Дали го имате слушнато тоа, можеби илјадници пати, дека Русија извршила воен упад во Украина, а марионетата САД до ден-денес седат во Киев?

Не треба да се има коефициент на интелигенција над 90 за да се сфати дека, доколку Русија воено удрила на Украина, оваа држава повеќе не би ни постоела.

Знаете ли зошто претседателот на Русија, кој по интернационалните анкети е најпочитуваниот лидер во светот, според мислењето на Хилари Клинтон е новиот Хитлер?

Ние сега за директор на ЦИА го имаме срамниот човек на Доналд Трамп, Мајк Помпео, кој е најтупавиот човек во САД. Тој е идиот прва лига.

Тој дебил го обвинил Џулијан Асанж за поврзаност со диктаторите и го обвинува дека со помош на Русија ја нарушува американската хегемонија. А сѐ поради тоа што „Викиликс“ публицира материјали од службени извори кои го разоткриваат злосторството на владеењето на САД.

„Викиликс“ не ги краде документите, туку ги добива од информатор што веќе не може да трпи неморал и лаги од владата на Соединетите Американски Држави.

Што да правиме, што светот да прави кога САД имаат комплетни идиоти како директорот на ЦИА, претседателот на САД, советникот за национална безбедност, министерот за одбрана, државниот секретар, амбасадорот во Обединетите нации, уредникот на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, Си-ен-ен, НПР, МСНБЦ?

Кина или Русија се во состојба да ги уништат Соединетите Американски Држави. Заедно можат Северна Америка да ја направат неподносливо место за живеење до крајот на овој век. Зошто тогаш идиотите од Вашингтон ги провоцираат моќните нуклеарни сили?

Одговорот е: Вашингтон: Тоа е една група на дебили, кои живеат надвор од реалноста. Кога „Сотон – 2“ (руската интерконтинентална ракета „Сармат“) ќе стигне до Вашингтон, најголемата група од горенаведените ќе престане да постои.

„На светската популација во тој момент веднаш ќе ѝ олесни“, вели Пол Крег Робертс.

 

 

 

Scroll to Top