Поради Леонардо ди Каприо, деца од Русија се полеаја со студена вода на – 30 степени

Група деца од руската североисточна Јакутска Република буквално се полеаја со студена вода и покажаа што мислат за загриженоста на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо за глобалното затоплување и климатските промени.

Децата, облечени во карате-кимона, снимиле видеопорака за холивудскиот актер и еколошките активисти. Тие стоеле голи до појас на снегот и се полеале со студена вода.

Температурата на која го снимиле ова видео изнесувала околу 30 степени под нулата.

„Здраво Лео, благодариме што мислеше на нас, не грижи се, сите сме добро, сонцето денеска сјае, дојди и посети нè, ќе чуваме за тебе студена вода, среќно!“ изјави едно од децата.

Одговорот следувал откако Ди Каприо изразил загриженост поради исклучителното студено време во регионот. Претходно Фондацијата „Леонардо ди Каприо“ на својот инстаграм-профил објавила дека температурите во градот  Ојмјакон (Република Јакутија познат како Саха) паѓаат и до 62 степени Целзиусови под нулата.

Такви екстремно ниски температури не биле забележени во последните 15 години.

„Термометрите се кршат кога температурата ќе стигне до рекордно ниво“, изјави портпаролот, наведувајќи го како извор документарецот под името „Ојмјакон“ на Доминик Бари, Фелипе Паива и Петр Винокуров.

„Климатските промени претставуваат реална закана за животните и животните структури на локалните луѓе, менувајќи ги тлото, фауната и флората“, изјавиле од фондацијата „Ди Каприо“.

Но, според директорот на локалната метеоролошка служба, зимите во регионот стануваат сè потопли.

„Ги следиме последиците од климатските промени на годишно ниво од 1980 година. Секоја година е сè потопло“, вели Александар Арзхаков за агенцијата РИА Новости.

Температурите од 60 степени под нулата не се сметаат за невообичаени во овој регион за време на зимскиот период. Оваа година просечната температура за февруари во Јакутија била четири степени над просечната, додава Арзхаков.

Се чини дека Леонардо ди Каприо има прилична група фанови во Јакутија, а ова е втор повик од мештаните до него за да го посети регионот, но малку кој од нив знае што се крие зад агендата на актерот во борбата против климатските промени.

Scroll to Top