Поранешен илуминат проговори за ХААРП и за Путин – откривме начин како да го исклучиме Сонцето

Илуминатите со години се главна тема на теоретичарите на заговор во светот. Сега можеби прв пат ја добиваме вистинската слика што навистина се случувало внатре во тајното друштво кога во јавноста се охрабри да сведочи еден од нивните поранешни членови.

Некогашниот наводен член на илуминатите тврди дека бил регрутиран уште кога имал 19 години, но морало, како што тој тврди, да го напушти ова тајно друштво по одржувањето состанок кој за него оставил голем белег.

Во друштвото на илуминатите минал, како што вели, 47 години. Тој тврди дека претходниот претседател на САД, Барак Обама, не е член на илуминатите, но открива дека светските лидери се подготвуваат третата светска војна да ја дочекаат во специјално направени бункери. Еден бункер, како што вели тој, е под аеродромот „Денвер“.

„Во светот постојат 439 вакви бункери. Сите нив, како и базите, ги користат и контролираат илуминатите. Повеќето од нив се наоѓаат во Сао Пауло во Бразил. Планирано е да собере 5.000 луѓе во временски период од 10 години.

„Лично бев во тој бункер и можам да кажам дека во поголемиот дел изгледаше онака како што и можев да го замислам. Бункерот е предвиден за 5.000 луѓе, најбогатите, најпаметните и најмоќните луѓе на светот, кои би биле заштитени од термонуклеарна војна, природни или какви било други глобални катастрофи“, вели тој.

Според неговите зборови, клучните лица во историјата, како што се Лав Троцки, Абрахам Линколн и Садам Хусеин, престојувале во тие бункери за време на големите конфликти.

Уште една теорија за која тој говори е дека илуминатите смислиле начин како да го исклучат сонцето, со помош на ХААРП-системот кој се користи како оружје за контрола на времето, а стациониран е, како што тој тврди, на Алјаска.

„Сите сте слушнале за ХААРП. Вистински е, ве уверувам“, вели тој.

Тој исто така наведува дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е член на илуминатите и дека владее со Азија.

И додека едни тврдат дека се работи за човек што сака да го привлече вниманието на себе измислувајќи вакви работи, теоретичарите на заговори застанаа во негова одбрана тврдејќи дека тој ја говори вистината.

Доколку само една реченица изнесена во јавност од страна на овој поранешен илуминат е вистинита, тогаш би требало сите ние длабоко да се замислиме за нашата иднина и за тоа што нè очекува.

 

 

 

Scroll to Top