Потрагата по исчезнатиот малезиски авион, конечно, завршена

Потрагата за исчезнатиот авион на компанијата „Малезија ерлајн“ на летот MH370, кој 90 дена го спроведувала приватна американска фирма, дефинитивно е завршена денеска.

Авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезнал на 8 март во 2014 година, за време на летот Куала Лумпур – Пекинг.

И понатаму се водат дебати за тоа што се случило со авионот, а семејствата на патниците сакаат потрагата да продолжи.

Во авионот имало 153 Кинези, 38 Малезијци, но и патници од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван, Холандија.

Сите 12 членови на екипажот биле Малтежани.

Ова е една од најголемите потраги во историјата на авијацијата, а пребарани биле повеќе од 120 000 километри квадратни од Индискиот Океан.

Делови од авионот биле пронајдени дури во Мадагаскар, но не бил пронајден трупот на авионот.

Официјалната потрага во која учествувале тимови од Австралија, Малезија и Кина е завршена во јануари минатата година.

За малезискиот авион трагала и компанијата Ocean Infinity, со седиште во Хјустон.

Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата.

Scroll to Top