Повеќе од милион деца во Америка земаат психијатриски лекови

Секој шести Американец зема некаков тип психијатриски лек.

Ова е загрижувачки податок со оглед на застрашувачките нуспојави и слабата делотворност на голем број од овие лекови. Особено е вознемирувачки фактот што голем број од американските деца ги земаат ваквите лекови.

Здружението за заштита на менталното здравје и Градската комисија за човекови права го свртеле вниманието на јавноста објавувајќи го податокот дека повеќе од милион деца помлади од шест години во Америка пијат психијатриски лекови.

Половина од овие деца се на возраст од четири до пет години. Неверојатни 274.804 деца помали од една година земаат психијатриски лекови.

Овој број расте кај малите деца од две до три години. 370.778 деца во оваа категорија земаат психијатриски лекови.

Податоците од IMS Health за ментално здравје покажуваат дека ситуацијата се влошува како децата стануваат постари. 4.130.340 деца од 6 до 12 години земаат некој тип психијатриски лекови.

Само мал дел од овие деца земаат лекови поради ADHD. Станува збор за бројка од 1.422 деца помали од една година и нешто повеќе од 181.000 деца на возраст од четири до пет години, кои земаат лекови за ADHD.

Употребата на антидепресиви покажува, од друга страна, изненадувачки бројки, но најголемата категорија психотични лекови што им се даваат на децата се против анксиозност. Нешто повеќе од 227.132 бебиња под една година и речиси 248.000 деца од четвртата до петтата година ги земаат овие лекови.

Овие бројки се уште позагрижувачки ако се земе предвид фактот тоа што експертите веруваат оти ваквите процени се многу пониски, а реалните бројки се многу поголеми. Веројатно, тоа е случај поради фактот што некои лекари ги даваат овие психијатриски лекови без рецепт.

Оваа ризична пракса подразбира и давање лекови за лекување нешто што не е назначено, а долгорочните ефекти од ваквата пракса се целосно непознати.

Кога возрасните ќе се одлучат да земат психијатриски лекови, во голем број од случаите тоа може да биде совет од психијатрите, но и понатаму тоа останува нивен избор.

Децата, од друга страна, немаат сознанија за целосно да го разберат ефектот од таквиот избор и тоа би значело присилно земање на лекот.

Голем број лекари имаат финансиски поттик од страна на фармацевтските компании да ги навлечат младите луѓе да почнат да ги земаат овие лекови, но зошто нивните родители исто така се подготвени на ваквиот чекор, останува мистерија?

Практично, земањето психијатриски лекови станува начин на живеење не само кај американската нација туку веќе и на овие простори и голем број луѓе тие лекови ги сметаат за безопасни.

Нуспојавите од тие лекови не се никаква шега. Антидепресивите и антипсихотичните лекови се поврзани со срцевите удари, психозите, суицидните мисли, дијабетесот, мозочните удари и изненадувачката смрт.

Сите денешни несреќни настани што се случуваат во училиштата, големиот број масовни пукања и масакри се резултат на пиењето вакви лекови. Значи, не само што постои ризик да умре детето што ги пие овие лекови туку постои и можност тоа да земе со себе една цела група, без разлика дали станува збор за група деца што се наоѓаат во училница или во кино.

Психијатриските лекови влијаат на хемијата во мозокот кај детето и влијаат на нивниот развој на неповратен начин, па многу е важно лекарите и родителите да ги имаат предвид како апсолутно последна можност за лекување.

Некои нивоа на анксиозност кај децата се нормални затоа што тогаш почнуваат да го разбираат начинот на кој светот функционира. Животот е полн со падови и подеми, а децата што ќе ја научат стратегијата на соочување со проблемите имаат вредна вештина која може добро да им послужи цел живот.

Постојат многу добри механизми за соочување со проблемите кои може да им помогнат на децата во справувањето со депресијата, анксиозноста и оние што имаат ADHD. Тука се вклучени методите како јога, уметничка терапија, вежби за дишење и физички вежби.

 

 

Scroll to Top