Пожарникарот Василиј доживеал пострашна судбина од ликот во серијата „Чернобил“, сведочи неговата сопруга

Реалниот лик од серијата на HBO „Чернобил“ Василиј Игнатенко е еден од пожарникарите кои први го гаселе пожарот во нуклеарната централа, во близина на оштетениот реактор. Тој умира подоцна во болница во Москва. Поради изложеноста на радијација, Василиј исфрлал крв и слуз 25 дневно.

Василиј искашлувал парчиња од сопствените внатрешни органи. Повеќе не можел да користи облека поради отеченоста на екстремитетите. Тој починал во најстрашни маки, две недели по инцидентот во нуклеарната централа. Неговата сопруга Људмила, која била бремена, го посетувала во болницата во Москва.

Таа се гледала со него не водејќи сметка од опасноста од изложеноста на радијација. Подоцна раѓа девојче, кое од последиците на зрачењето умира по четири дена. Според некои од податоците, таа  сè уште е жива, има син и живее во Киев. За својата судбина проговорила многу пред излегувањето на серијата „Чернобил“.

Нејзините сведоштва можат да се забележат во книгата „Гласот од Чернобил“. Људмила ѝ раскажала на Светлана Алексијевиќ, која е авторка на книгата, дека ден по несреќата во нуклеарната централа таа и нејзиниот сопруг планирале да ги посетат неговите родители. Василиј тој ден требало да биде слободен од дежурство.

Но, по експлозијата на реакторот,  околу еден часот по полниќ, Игнатенко добил повик да се вклучи во акцијата на гасење на пожарот. Тој мислел дека станува збор за обичен пожар. Василиј претходно по државен налог од Белорусија се преселил во Припјат за да работи како пожарникар.

Тој и Људмила се венчале во 1983 година, а се запознале како тинејџери во 1979 година. Во книгата Људмила ги опишала последните денови од неговиот живот. Тие вели дека се многу пострашни од тоа што е прикажано во серијата на HBO „Чернобил“.

„Секој ден како да запознавав друга личност. Последните два дена искашлуваше парчиња од своите бели и црн дроб. Се гушеше во своите органи. Ќе  ја замотав раката во завој, ќе му ја ставев во устата и ќе ги вадев парчињата“, раскажува Људмила.

Василиј починал на 25-годишна возраст. Тој бил погребан во лимен ковчег, под бетон, затоа што неговото тело и понатаму било радиоактивно.

Смртта од труењето од радијација е особено ужасна и долготрајна. Првите симптоми од смртоносната доза е повраќање еден час по изложеноста. Внатрешното крвавење ги зафаќа не само органите, туку практично сите крвни садови… и тие во очите, екстремитетите, системот за варење.

Губитокот на течности се мери во литри секој ден, изгорениците на површината пробиваат во внатрешноста на телото. Експлозијата во нуклеарниот реактор во Чернобил го означила почетокот на досега најголемата мирнодопска нуклеарна катастрофа во историјата.

Подоцна се случила и втора експлозија предизвикана од влегување свеж воздух во околината на реакторот, расфрлајќи од изгорениот графит и предизвикувајќи силен пожар околу реакторот 4 и реакторот 3, кој уредно работел. Во несреќата веднаш загинал еден работник. Телото на Валериј Кодемчук никогаш не било пронајдено.

Во подоцнежните неколку часови во болницата починале уште неколку работници од здобиените повреди. Во следните неколку часа смртноста поради труењето од радијацијата е зголемена и нема да прекине со месеци.

Од последицата на несреќата во следните четири месеци ќе умрат вкупно 31 работник од централата и еден пожарникар во Чернобил. Пожарникарите кои веднаш пристигнале на местото да го гасат пожарот не можеле да користат вода, плашејќи се од електричната инсталација, која можеби била оштетена.

Наместо вода од рабовите на оштетениот кров, тие фрлале песок на изгореното јадро. Но, според подоцнешните седоштва и извештаи направени од службите, ваквата акција била безуспешна.

Scroll to Top