Предупредување за отровна храна на страниците на „Службен весник“

Хрватските граѓани на страниците на „Службениот весник“ број 33 деновиве можеле да го прочитаат предупредувањето за увезена опасна храна. Веќе во јавноста се рашири мислењето дека на овој начин одговорните во Министерството за земјоделие сакаат да си ги измијат рацете од увезената отровна храна.

За алуминиумот во тестенините или, пак, за отровните пиперки од омилените дуќани.

Всушност никому не му е јасно зошто властите увезуваат опасна храна за која мора да објават предупредување во службените весници со оглед на тоа што Хрватска има капацитет да ги прехрани сите граѓани без да увезе еден грам храна. Многумина од граѓаните се сомневаат дека планот е малку поинаков од само прехранување на луѓето.

Луѓето ретко или, пак, никогаш не ги гледаат и читаат декларациите на производите, иако тоа во денешно време е потребно повеќе од кога било претходно затоа што досега немало толку отровна и штетна храна.

На листата на опасни намирници се најдоа лешници, кикиритки од Бразил, Гана и Индија и Јужноафриканската Република. Производите од овие земји содржат афлатоксини. Тестенините од Кина, пак, имаат и алуминиум, црн и зелен чај и се „збогатени“ со пестициди. Пестициди има и во поголемиот дел од храната во Хрватска, од грав и диња до пиперка и домат, како и портокалите и јагодите.

Зеленчукот и зачините од Тајланд исто така содржат пестициди, а во некои е пронајдена и салмонела. Целата листа на опасна храна во Хрватска можете да ја видите на следниот линк:

 

 

Scroll to Top