Професор Костиќ: Тито со денови ги следел потерите по НЛО над аеродромот во Подгорица

Професор доктор Александар Костиќ, врвниот експерт за радари во поранешна СФРЈ и Србија, открива дека генералот Исмет Куленовиќ Броз во 1975 година секојдневно лично поднесувал извештај за настаните поврзани со НЛО што се случувале околу аеродромот во Подгорица. Била наредна општа тревога со целосна дискреција.

Во 1975 година во февруари, неколку дена по пропаднатиот обид на потполковник Ѕвонко Јурјевиќ со своите пилоти да му се приближи на неидентификуваното летало, за кое се верувало дека е НЛО, во собата на радарската станица влегол генерал Исмет Куленовиќ, заповедник на 11. дивизија на противвоздухопловната одбрана на ЈНА. Претходните неколку дена непознати летала ги вознемириле жителите над аеродромот во Подгорица.

Куленовиќ театрално им соопштил на присутните дека нивната радарска станица сега ќе се претвори во воена сала и дека имаат задача да ги спречат надлетувањата на НЛО, кои ги вознемирувале младите пилоти за време на обуката во Подгорица, како и цивилните пилоти. Со овие зборови полковникот на професор доктор Александар Костиќ му открива дека случајот со НЛО над Подгорица, всушност, има најмалку две полувремиња, а веројатно и три третини.

Првпат во српската јавност тој отркива дека миговите од Белград во петнаесет наврати пресретнале НЛО, но обидите за лансирање на ракетите биле неуспешни.

Професорот се потсетува дека генералот Куленовиќ, кој бил познат како врвен пилот на „миг 21“, со кодно име „Орел 10“, веднаш зборувал со Јосип Броз Тито и дека тој секој ден го известувал за настаните на небото. Наредил општа тревога и целосна дискреција. Во ПВО-системот биле поврзани сите српски радари, со воените P-15, преку најсовремените P-35, до цивилните и радарите на морнарицата. Екипажот бил засилен со инженери од радарското одделение.

„А сето тоа почна како игра“, раскажува Костиќ. Од Бриндисија со коридор за Дубровник секој ден на радарот се појавувало НЛО, кое со брзина од 6.500 километри на час го надлетувало Јадранот, а потоа на местото Чилипи оддеднаш застанало на местото. Светлечкиот објект бил огромен и видлив од земјата. Ги повикале пилотите од цивилното воздухопловство и ги прашувале за што станува збор. Ние со денови ги известувавме надредените во радарскиот центар во Сплит, а од таму стигна кратка наредба:

„Избришете ги целите! На колегите од Сплит им се јавиле Марсовците. На војската ѝ треба време да се орагнизира“.

Првата акција на пресретнување се обидел да ја изведе пополковник Ѕвонко Јурјевиќ. Потоа, наредникот на 172. ескадрила, Јурјевиќ, со два „мига 21“ стигнал како засилување во Подгорица. Костиќ наведува дека во тие моменти тој добил наредба да дојде на пистата на аеродромот со радар P-15. Требало да ги наведува од земја пилотите на авионите „миг 21“.

Таа акција не успеала. Мојот радар P-15 бил добро техничко решение за условите во подгоричкиот аеродром. Подоцна слушнав дека пилотите развиле брзина од 1.700 километри на час, така што леталата пред нив одеднаш исчезнале, а зад нив се појавила димна опашка.

 

 

 

Scroll to Top