Прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел е црвената линија за муслиманите

Турција се заканува дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел доколку САД го признаат Ерусалим како нејзин главен град.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во вторникот дека американското признание Ерусалим да биде прогласен како главен град на Израел ќе биде црвената линија за муслиманите. Исто така, предупреди дека таквиот чекор ќе ја присили Анкара да ги прекине дипломатските врски со еврејската држава, пренесува „Раша тудеј“.

„Тоа би можело да доведе ние да ги прекинеме нашите дипломатски односи со Израел. Не можете да преземете таков чекор“, изјави Ердоган на парламентарниот состанок, кој го имаше пред неговата владејачка партија за правда и развој.

Турскиот претседател исто така изјави дека ќе свика состанок со Организацијата за исламска соработка за да се спротивстави на каков било понатамошен потег во препознавањето на Ерусалим како главен град на Израел. Изјави дека таквата намера не би била само кршење на меѓународното право, туку и голем удар за совеста на човештвото.

Од претседателот на САД, Доналд Трамп, се очекува да ја објасни ваквата чувствителна одлука за надворешна политика в понеделник, но јавните предупредувања од сојузниците и приватните телефонски повици што ги имаше со светските лидери довеле до тоа да се одложи ваквата одлука во Белата куќа. Турција би била главен критичар на предложеното признавање.

„Ако моментниот статус на Ерусалим се промени и се преземе некој друг чекор, тоа би било една голема катастрофа“, изјави потпретседателот на владата на Турција, Бекир Боздаг, во телевизиската конференција за новинари во понеделникот“, пренесува AFP.

„Тоа целосно би го уништило кревкиот мировен процес во регионот и би довело до нови конфликти, нови спорови и нови немири“, додаде тој.

Одлуката веќе еднаш била одложена од страна на новата управа.

„Претседателот беше јасен во врска со ова прашање. Прашањето не е – дали, туку – кога“, изјави портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли.

Израел го гледа Ерусалим како главен град, иако меѓународниот консензус за статусот на Ерусалим како свет град треба да се одреди во мировните преговори со Палестинците. Палестинските лидери се надеваат дека ќе го прогласат источниот дел од градот како нивен главен град.

Израел долго време тврдел дека Ерусалим е нивни главен град, но сите странски амбасади се наоѓаат во градот Тел Авив. Во октомври Трамп привремено се откажа од законот, со кој се бара САД да ги преселат своите амбасадори во Ерусалим. Законот за американската амбасада во Ерусалим е донесен за време на првиот мандат на Бил Клинтон во 1995 година и од тогаш се споменува на секои шест месеци од страна на американските претседатели.

Турско-израелските односи се соочуваат со застоите во минатото. Во 2011 година Турција го протера израелскиот амбасадор од Анкара и ги сведе на најниско ниво дипломатските односи кога Израел одби да се извини за смртта на осумте турски државјани во текот на акцијата изведена со помош на Палестинците во Газа на турско-американски брод.

Целосните дипломатски односи не беа обновени до 2016 година. Сега Ердоган се закани дека ќе ги намали врските со еврејската држава поради поддржување на независната курдска држава.

 

 

 

 

 

Scroll to Top