Пронајден исчезнат брод што пред 160 години превезувал робови

Во делтата на реката Тенсо, во државата Алабама, се пронајдени остатоци од дрвен брод за кој се претпоставува дека е „Клотилда“, последниот брод што нелегално превезувал робови во САД пред речиси 160 години. Остатоците ги пронашол новинарот Бен Рејнс, кој со стручните лица се обидува да утврди дали е тоа легендарниот брод по кој се трагало.

Според историските податоци, капетанот на бродот, Вилијам Фостер, по пристигнувањето во заливот Мобил Беј во 1860 година го запалил и потонал бродот, а бродските остатоци се пронајдени во непосредна близина на тоа место. На дрвената конструкција се видливи и траги од горење, како и техники на бродоградба карактеристични за тој период.

Иако претседателот на САД, Томас Џеферсон, во 1807 година потпишал закон со кој се забранува „увоз“ на робови, на американскиот југ ропството било присутно и децении подоцна. Главно пристаниште за тој вид транспорт бил токму заливот Мобил Беј.

Бродот во 1860 година испорачал 110 робови во заливот. Тоа се случило една година пред почетокот на Американската граѓанска војна и е последниот регистриран случај на „увоз на робови“ во САД.

 

Scroll to Top