Пронајдена тајна соба во Големата Пирамида во Египет, која треба да даде одговор на голем број прашања

Сите уреди кои ги поставиле се осмислени да откријат каде се наоѓаат шуплините. Ние знаеме дека таа постои, но се обидуваме да откриеме каде е.

Меѓународниот тим на археолозите веруваат дека, благодарение на ласерската технологија, е на работ на откритието на локацијата на тајната просторија во 4500 година на старата египетска Голема пирамида, во Гиза, пишува „Њузвик“.

Меди Тајуби, претседателот на Институтот за иновации во зачувувањето на наследството, кое го предводи проектот за скенирање на пирамидата заедно со технолошкиот факултет од Универзитетот во Каир, изјави дека е тимот за мапирање на субатомските честички со инфрацрвена термографија, потврди дека постои шуплина во конструкцијата, а археолозите сега мораат да ја пронајдат нејзината точна локација.

„Сите уреди кои ги поставивме се осмислени да откријат каде се наоѓа шуплината. Ние знаеме дека таа постои, но се обидуваме да откриеме каде е“, изјави тој за AFP.
Групата во октомври објави откритие од шуплината висока 105 метри во североисточниот дел од пирамидата.
Димензиите од шуплината одговараат веќе со откриените одаи во пирамидата.

 

Но, други археолози кои соработуваат на проектот се внимателни во предвидувањата.

Поранешниот екипетски министер за старешини Захи Хавас, го окарактеризираше досегашното откритие како „аномалија“ или „мали шуплини“ меѓу камењата кои ја прават пирамидата.

Големата пирамида, позната и како Куфова Пирамида – наречена е така по фараонот од четврдата династија на Египет, кој ја изградил во периодот меѓу 2580 и 2560 година пред нашата ера – и претставува вистинска туристичка атракција која во минатото често била мета на безбоѕирни авантиристи – истражувачи во потрага за фараонските богатства.

Се верува дека успехот на новата технологија ќе доведе до понатамошни откритија.

Британскиот египтолог Николас Ривс, верува дека посмртните остатоци од Нефертити, египетската кралица од 14 век пред нашата ера, се сокриени во тајната одаја во Тутанкамоновата гробница, а од Политехничкиот универзитет во Торино ќе се употребат методите кои се користат во медицински снимања во обид да повторно се истражи локацијата во египетската Долина на кралевите, наведува „Њузвик“.

Подоле можете да го погледнете видеото за тајната просторија во Велика Пирамида:

 

 

Scroll to Top