Пронајдени остатоци од авинот на жената која прва го прелета Атлантикот

По голем број поминати години, група истражувачи мислат дека успеале да го откријат одамна загубеното летало на Амелија Ерхарт, прочуената жена пилот која со авион се обидувала да го прелета светот.

Групата истражувачи од „Блу ејнџел“ велат дека авионот со кој летала Амелија успеале да го пронајдат на островот Бука, во Папуа Нова Гвинеја.

Ако тоа е вистина, повеќедецениската мистерија конечно би можела да биде одгатната. Со години голем број истражувачи се обидуваат да ја откријат причината што точно се случило со Ерхарт и каде се има срушено нејзиниот авион.

Истражувачите локацијата ја истражувале 13 години и велат дека остатоците најдени на островот дефинитивно можат да припаѓаат на нејзиниот авион.

Ерхарт исчезнала додека се обидувала да го прелета светот со авион. Таа и нејзиниот навигатор Фред Нунан исчезнале на 2 јули 1937 година, за време на летот од Папуа Нова Гвинеја, до островот Хауланд на Пацификот. Нивната судбина е една од најголемите мистерии на 20 век.

„Островот Бука е подрачјето кое никогаш не било пребарано по исчезнувањето на Амелија и Фред. Сè што имаме пронајдено досега е во согласност со авионот кој летале“, вели Вилијам Снејвли.
Снејвли ја трасирал рутата на Амелија од Лае во Папуа Нова Гвинеја, што била точка од која таа тргнала во својата последна етапа од летот. Истражувачите веруваат дека стоела лошо со говорот, па можеби одлучила да се врати назад на островот Хауланд.
Нуркачите од Папуа Нова Гвинеја го прегледале тој дел од океанот повеќе пати, а повеќето се наоѓаат на 30 метри под површината. Успеале да извадат парчиња стакло од светлата за кои се верува дека припаѓаат на авион со каков што летала Амелија. Таа имала направено специјални модификации за ова патување. Некои од тие модификации се потврдени кај остатоците од авионот кој е пронајден“, вели пилотот и инженер Џил Мејерс.
Сепак остатокот од авионот со тек на време бил оштетен од водата и потресите.
„Немаме уште начини да бидеме сигурни дека ова дефинитивно е најзиниот авион. Местото каде се најдени остатоците, сигурно ќе ни разоткријат уште некои тајни за тоа како завршил двоецот“, вели Сејвли.

„Блу ејнџел“ планира да направи на пролет уште една експедиција и тогаш со себе да понесе најнова технологија. Постојат голем број на теории за тоа што се случило. Една позната теорија вели дека Амелија Ерхарт и нејзиниот навигатор Фред Нунан, починале на островот Никумароро, на 1900 километри од Маршаловите острови.
Некои 13 човечки коски се најдени на Никумарор, три години по неговото исчезнување. Минатата година научна студија тврдела дека има уште некои нови докази. Ричард Јанц, професор по антропологија од Универзитетот во Тенеси, тврди дека коските се откриени на Никумарора во 1940 година и веројатно се остатоци од Амелија Ерхарт.
Истражувањето е контрадикторно на форензичката анализа на остатоците најдени во 1941 година, која опишува дека коските се од машко тело.

Коските во меѓувреме се изгубени, па нема начин да се дојде до вистинските информации.
Додека некои се убедени дека Ерхарт на Никумарора го пронашла своето последно почивалиште, други велат дека тоа е Мили кај Маршаловите острови. Се разбира постојат и теоретичари на заговор кој користат матни фотографии за да докажат дека Амелија го преживеала летот и дека продолжила да живее во тајност со променет идентитет.
Scroll to Top