Првпат во историјата марихуаната се користела кај двомесечно девојченце

Во декември 2015 година Никол и Ерни Нунез ја добија својата прекрасна ќеркичка Емили. Но, кога ја донесле дома, работите набргу тргнале надолу.

„Ден по пораѓањето кога се вративме дома, таа го имаше својот прв напад“, изјави мајката Никол.

„Таа има редок облик на епилепсија. Не го знаат точниот вид“.

Последните два месеца семејството Нунез очајнички се обидува да ја излекува состојбата на својата ќеркичка. Лекарите во Алберкерки, Ново Мексико, од каде што е и семејството, не биле во сосотјба да ја пронајдат причината и не можеле да ја излекуваат малата Емили.

Семејството потоа се преселило во Колорадо, а Емили останала во болницата во градот Аурора.

Во тамошната детска болница докторите продолжиле со коктел-лековите во обид да ги спречат страшните напади, но овие лекови не биле без нуспојави.

„Лековите дејствувале штетно врз нејзиниот црн дроб и се обиделе да направат нешто што нема да има големи нуспојави“, изјави Ерни објаснувајќи зошто семејството се одлучило за масло од канабис.

Кога семејството слушнало за чудесните ефекти на маслото од марихуана, со име „шарлотина мрежа“, повторно им се вратила надежта и почнале да ѝ даваат масло на својата ќеркичка.

Овој лек го добил името по девојчето Шарлот Фиги. Нејзиниот живот бил спасен благодарение на ова масло. Шарлот го имала својот прв напад кога имала само три месеци. Во текот на следните месеци имала чести напади, кои траеле два-четири часа, и таа во повеќе наврати била хоспитализирана.

Но, нејзините родители откриле масло од канабис кое ги прекинало маките на нивната ќерка.

Од тогаш безброј други деца и нивните жени се спасени со оваа чудесна билка.

„Три дена се борев со лекарите и се обидував да ги наговорам дека маслото на марихуана е добро за неа“, изјави Никол.

По три дена, лекарите се согласија на тоа да го употребат во болница за лекување на Емили.

Тие биле целосно против маслото говорејќи:

„Не, не можете да го направите тоа, мора да почекате додека не излезе од болница“.

Иако лекарите дале одобрение за лекувањето со маслото, тие не сакале да управуваат со нејзиното лекување така што семејството тоа го направило на своја рака.

По некое време медицинските сестри забележале позитивни промени во нејзиното здравје.

Значењето на маслото од канабис што се користи за лекување на децата во болницата не треба да се занемарува.

Она што овој потег ефикасно го илустрира е дека канабисот е спроведлив како медицинска опција, а неговата сегашна класификација од страна на сојузната влада во групата дрога број 1 е апсурдна и неморална.

Оние што и понатаму ги ставаат луѓето во затворите поради поседување на оваа билка, би било паметно да ги одбијат наредбите.

Scroll to Top