Пулицер годинава за „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ за објавување лажни вести

Теоретичарот на заговор, англискиот радиоводител и уредник Пол Џозеф Вотсон за „Инфоворс“ известува дека весниците „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ се наградени со Пулицер за измислени приказни.

„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ се наградени со наградата Пулицер за објавување целосно лажни вести.

Како што вели Вотсон, на идентичен начин и Барак Обама ја добил Нобеловата награда за мир пред да ги фрли десетте илјади бомби на 7 држави.

За двегодишниот труд и известувањата за таканареченото руско мешање во американските избори користејќи извори, лажни докази и очигледна политичка пристрасност, ниту „Њујорк тајмс“ ниту „Вашингтон пост“ не успеаја да пронајдат еден доказ со кој би ги оправдале своите тврдења.

Според одборот на Пулицер, ова е вредно за да се добие оваа награда бидејќи лажните вести очигледно мора да добијат аура на веродостојност за да се продолжи со катапултирањето на пропагандата на САД, смета Вотсон.

 

Scroll to Top