Путин има вонбрачна ќерка!

Рускиот преседател, Владимир Путин, имал и трета ќерка од неговата врска со гимнастичарка Кабаева, пишуваат некои светски медиуми. Но, ова не е официјално потврдено, како што не е потврдена и неговата сегашна љубовна врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева.

Владимир Путин своето семејство отсекогаш го држел подалеку од  јавноста. Малку се знаеше и за неговата поранешна сопруга Људмила, со која беше во брак 30 години, а уште помалку се знае за неговата сегашна девојка, Кабаева.  Но, она што најмногу ја интересира јавноста е колку точно деца има Путин. Се знае дека од бракот со Људмила има две ќерки, Марија и Екатерина (односно Маша и Катја, како што ги викаат нагалено). Марија е родена во 1985 година во Ленинград (денешен Санкт Петербург), а Екатерина една година подоцна во Германија, каде Путин работеше за КГБ, пренесува Business Insider.

Со сегашната девојка Кабаева

И двете девојки имињата ги добиле по своите баби. Кога во 1996 година се вратија во Москва, девојките почнаа да посетуваат германско школо, кое го напуштија кога Путин стана претседател. Оттогаш нивната едукација продолжи дома. Неговата поранешна сопруга Људмила во една пригода изјави дека Путин ги разгалил своите ќерки и дека таа е онаа која мора да биде строгиот родител.

Марија студираше биологија и подоцна медицина, а Екатерина азиски студии. Студираа во Москва, но под лажни идентитети. Денес 33-годишната Марија живее во Москва со својот сопруг, Холанѓанецот Јорит, кој се занимава со истражувања во медицината. Наводно имаат и дете бидејќи Путин во една пригода призна дека е дедо.

Сега сè повеќе се зборува и за третата ќерка на Путин, но тоа се само шпекулации кои одвреме-нвреме ги пренесуваат руските медиуми.

Scroll to Top