Путин ќе создаде независен интернет, без цензура од Новиот светски поредок

Рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Русија ќе покрене нов „Независен интернет“, кој ќе биде ослободен од синџирите на Новиот светски поредок.

Путин и Советот за безбедност развиваат нов интернет, кој во почетокот ќе го користат само земјите од БРИКС, а кој ќе биде во целост независен од корпорациите и владите на глобалната елита, а кој ќе продолжи да работи во случај на глобалните интернетски застои.

Новата иницијатива е претставена на состанок во Советот за безбедност во ноември, а Путин постави рок до 1 август 2018 година.

Се смета дека новиот независен интернет ќе биде без цензура и без монополизирање од страна на Гугл и Фејсбук, чии монополистички клучни функции ќе бидат забранети како и нивните резултати на пребарување и комуникација преку социјалните медиуми.

Додека расправале за тоа прашање, членовите на советот ја истакнале зголемената способност на западните земји да спроведат операции на напад врз информативниот простор, како и зголемена подготвеност за вежбање за оваа можности и тоа претставува сериозна закана за руската безбедност.

Тие одлучиле да проблемот треба да се решава со создавање на посебен резервен систем на услужител „Domain Name Servers (DNS)” кој не бил предмет на контрола од страна на меѓународните организации.

Овој систем ќе се користи од страна на земјите на БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, јавува Раша Тудеј.

Прашањето на прекумерната зависност за глобален „DNS“, претходно како проблем го истакнала Русија. Во 2014 година, Министерството за комуникација на Русија спровела голема вежба во која симулирале исклучување на глобални интернет услуги, во кои исто така се корсителе руски резервен систем, кој успешно го поддржувал делувањето преку интернетот внатре во земјата.

Но, кога новинарите го прашале човекот за односи со јавност Дмитри Песков, дали власта планирала да се одвои од глобалниот интернет во 2014 година, Песков ги отфрли таквите наводи како лажни.

„Исклучувањето на Русија од глобалниот интернет, се разбира не доаѓа во предвид“, изјавил Песков на агенцијата „Interfax“.

Но, владиниот службеник исто така нагласил дека неодамна добар дел на напредвидливост е присутен во акциите на руските партнери, како што се САД но и ЕУ, и Русија морала да биде подготвена за тоа што ги очекувало во иднина.

„Сите знаеме кој е главниот администратор на глобалниот интернет. А поради својата непостојаност, мораме да размислиме за тоа како би се осигурала нашата национална безбедност“, изјавил Песков.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top