Путин сака да се испитува безбедноста на вакцините

Претседателот Путин вети дека доколку биде реизбран за претседател на Русија ќе спроведе светска истрага поврзана со безбедноста на вакцините. Путин има за цел да ги спречи тужбите против произведувачите на лекови поради последиците на нус-појавите од вакцинирањето.

„Јасно е дека вакцината предизвикува тешка и доживотна штета за многу поединци. Мораме да дознаеме зошто. Мораме да дознаеме кои се безбедни, а кои не се безбедни“.

„Не постојат долгорочни испитувања за безбедноста на вакцините, мислам на повеќемесечните и повеќегодишните истражувања за вакцините за деца кои денес се во употреба“.

Јавното здравство секогаш било во фокус за време на претседателството на Путин, и тој подготвува голем број закони со намера да остави зад себе култ на голем здравствен реформатор.

„Вакцините само индивидуално се тестираат за безбедност. Сепак, вакцинирањето се применува во различни комбинации, со целосно непроверени вакцини, кои некогаш може да бидат и до осум во исто време. Многу високо образованите луѓе веруваат дека тоа е непромислен потег“, вели Путин.

Рускиот претседател насетил дека неконтролираниот раст на индустријата на вакцини може да одигра улога во зголемената стапка на дијагноза на аутизам.

„Можете ли да им погледнете во очи и да ми кажете дека не дошло до зголемување на бројот на деца со аутизам во светот и тоа да не се поклопува со производството на тие непроверени вакцини?“.

Разбирливо е дека претседателот Путин лично побарал истрага.

Постои голем конфликт на интерес меѓу владините агенции кои ги регулираат вакцините и корпорациите кои го одобруваат производството на вакцините.

Оваа истрага ги вклучува и меѓународно угледните научници и водечки медицински експерти, и не ги вклучува смешните и корумпирани „научници“ кои ги плаќаат компаниите и кои се подготвени што било за еден грст долари.

Со оглед на фактот дека водечките научници и лекари кои се осмелиле да изразат загриженост околу присилното вакцинирање кое го спроведува државата, умреле под мистериозни околности во САД, само во последните неколку години, сепак, мора да се пофалат оние кои се доволно храбри и понатаму да говорат на тоа.

Руските претседателски избори ќе се одржат од 18 март до 1 април 2018 година.

 

Scroll to Top