Рамна плоча или тркалезна? Каков облик има Земјата?

Британскиот јавен оратор Дејвид Ајк повторно ја иницира контроверзната тема за тоа дали Земјата е тркалезна или е рамна плоча.

Во денешно време една од најбизарните теории на заговор е онаа што вели дека Земјата е рамна плоча, а не тркалезна, и е благо сплескана на половите поради планетарната ротација. Во средниот век, пред појавата на Коперник и Галилеј, се сметало дека е рамна, но нивните откритија  докажале дека не е плоча, туку е тркалезна и дека не се наоѓа во центарот на вселената, а Сонцето не се движи околу Земјата.

Сепак, тоа не е сосема точно. Во мрачниот среден век многу сознанија се заборавени, но во периодот на ренесансата повторно се откриени. Потврда за тоа може да се најде во тврдењето на Питагора и Платон дека Земјата е тркалезна, а и пред нив Анаксимандар тврдел дека Земјата е тркалезна и кружи околу Сонцето.

Оваа тема му е добро позната на Ајк.

Половите, вибрациската реалност, примањето на сигналите, декодирањето на нулите и единиците, станува збор за информација што за нас претставува реалност.

Ќе притиснеш „ентер“, земјата станува тркалезна.

Ќе притиснеш „ентер“, земјата станува рамна.

Тоа, според Ајк, е целата форма на нашата реалност, а одговорите се толку едноставни:

НЕМА ЦВРСТИ ДОКАЗИ ДЕКА ЗЕМЈАТА Е ТРКАЛЕЗНА! ЗЕМЈАТА (НЕ) Е РАМНА ПЛОЧА!

Прв што ја пресметал должината на Земјата бил грчкиот мудрец Ерастотен, кој работел во Египет, и се темели на познатиот експеримент на пресметување на должината на Земјата преку пресметување на сенката на стаповите забиени во земја на 800 километри оддалеченост. Тој метод бил толку прецизен што денешните пресметки во помала или поголема мера не отстапуваат повеќе од стотина километри.

Тој заклучил дека Земјата е долга 40.000 километри. Цели 15 века никој не му верувал. Некои верувале дека Земјата е тркалезна, но некои дека е рамна ама трипати помала од онаа што ја имал замислено Ерастотен.

Католичката црква со векови учењето дека Земјата е тркалезна го сметала за ерес, а еретиците ги прогонувала. Тие биле подложни на големи маки со цел да се откажат од своето верување. Најпознато било палењето на клада, а некои, не издржувајќи ги големите маки, се одрекле од своите напредни ставови.

Во денешно време општо прифатено е мислењето дека Земјата е совршено тркалезна, но 3% од светската популација не може да се помири со ваквиот факт и да ги прифати доказите за ваквиот облик на Земјата.

Постои дури и организација The Intenational Flat Earth Society, која службено е основана во 1956 година, со цел промовирање на идејата за рамна Земја и поттикнување расправа по оваа тема.

Лицата кои веруваат дека земјата е рамна плоча се исмејувани од страна на мнозинството. За среќа, денешната црква  нема моќ  да ги мачи модерните хетерици, но за тоа се погрижиле голем број  научници и медиумите, кои нив ги  претставуваат како безумници, ексцентрици или  најобични циркузанти. Никој не се  прашува врз основа на кои факти овие луѓе тврдат дека Земјата е рамна плоча.

Постојат докази кои датираат од 19 век и фрлаат голем сомнеж за тоа дека Земјата има тркалезна форма.

Најпознатиот е Олд Бедфорд каналот, кој се протега 20 милји од кои 6 се во рамна линија. Тој бил идеален за изведба на експеримент кој вклучувал веслачи кои веслале од почетната точка на набљудување кон крајната точка од 6 милји.

Првиот експеримент го спровел англискиот изумител Самуел Ровботам. На чамецот билое прицврстено знаме точно 5 стапки над нивото на водата. Самуел влегол во водата и го следел чамецот како се оддалечува.

Под претпоставка дека Земјата е сферична,  пресметал дека телескопот кој
бил на висина од 20 сантиметри од површината на водата веќе по една милја требало да потоне под видното поле.

Но чамецот се гледал и по цели 6 милји, и врз основа на тоа заклучил дека нема закривување и дека
Земјата е рамна.

Науката денес речиси во целост е управувана од финансиските интереси.

Богатите сакаат да ги комерцијализираат истражувањата на научниците, па бројни научници се присилени да работат во прилог на корпоративните или државните финансиери, или да не работат ништо.

Некои луѓе со цел да ја разобличат најголемата мистерија на 21 век испратиле балони со камери на големи височини, височини како онаа од која скокна Феликс Баумгартнер, човекот финансиран од „Ред Бул“ кој го изведе фантастичкиот скок со падобран. Голем број од тие снимки можете да ги пронајдете на „Јутјуб“, и на нив јасно се гледа дека хоризонтот е целосно рамен.

Кога сме веќе кај неговиот скок, погледнете ја уште еднаш снимката. Многумина го потенцираат моментот на почетокот на видеото кога низ отворената врата на капсулата се гледа дел од хоризонтот, кој е целосно е рамен!

Scroll to Top