Русија како да се подготвува за војна

Претседавајќи со Воениот одбор, НАТО-генералот Петр Павел изјави за AП дека постојат причини за загриженост поради обемните воени маневри под името „Запад 2017“.

Тој вели дека овие воени вежби на Русија и Белорусија би можеле да бидат сфатени како сериозни подготовки за голема војна, како и дека НАТО не се натега со Русија за Западен Балкан.

Павел изјави дека НАТО се залага за напори за обнова на воената комуникација со Русија за да ги избегне непосакуваните последици на потенцијалниот инцидент во текот на вежбите.

„Кога ќе ја гледате вежбата што Русија ја извршува, тоа не би требало да биде проблем, но кога ќе ја гледаме големата слика, тоа нѐ загрижува затоа што Русија не е транспарентна“, изјави Павел.

Тој ја даде оваа изјава во текот на годишната конференција на Воениот одбор на НАТО, која беше отворена во албанскиот главен град Тирана во саботата, а темите беа насочени за борбата против тероризмот, ситуацијата на Западен Балкан и новата американска стратегија во Авганистан.

Павел изјави дека проблемите за Западен Балкан може да произлезат од радикализмот, организираниот криминал, миграцијата, економските проблеми или малигните влијанија од Русија.

„Ние не се натегаме со Русија за Западен Балкан, првенствено сме насочени кон создавање стабилен и сигурен Балкан“, изјави Павел.

Додаде дека нема планови за намалување на воените трупи на Косово, ниту да одреди краен рок за нивно присуство.

„Балканот сѐ уште е потенцијален извор на воени конфликти“, изјави минатата година НАТО-генералот Петр Павел претседавајќи со Воениот одбор.

„Подбуцнуваат војна, а говорат за мир“. Како приказна од Орвел.

Scroll to Top