Русите по 872 дена опсада на Ленинград, развиле генетска мутација за да преживеат

Според истражувањето објавено во списанието Science, можно е Русите што го преживеале гладот во периодот од 872 дена опсада во Втората светска војна да развиле генетски варијации поврзани со метаболизмот.

Генетската мутација поврзана со метаболизмот на начин на кој тој може да заштеди енергија, веројатно ја развиле некои Руси што ја преживеале нацистичката блокада на Ленинград, пишува Science.

Имено, нацистичката опсада на Ленинград траела во периодот од септември 1941 до јануари 1944 година кога од глад умреле повеќе од 630.000 луѓе откако претходно им била прекината линијата на снабдување со храна.

Во списанието Science било објавено истражувањето кое покажувало дека многу е веројатно оние што ја преживеале долгата опсада да развиле генетски варијации поврзани со метаболизмот, кој заштедувал енергија кај лицата подложни на калориски рестрикции од оние од контролните групи.

Проектот започнал пред 15-ина години кога професорот Олег Глотов од Ott Research Institute of Obstetrics and Gynecology во Сент Петербург, заедно со своите колеги, одлучил да ги проучи проблемите на стареењето и долговечноста.

Авторот на истражувањето, генетичарот Олег Глотов, изјавил дека научниците испитале 200 примероци на крв од лица што ја преживеале блокадата испитувајќи ја нивната ДНК за присутност на генетски маркери што се активираат како замена за енергија, потрошувачка и регулација на температурата.

„Утврдивме дека постои врска меѓу присутноста на одредени генетски маркери и фактот дека луѓето успеале да преживеат“, изјави Глотов.

На стапката на преживување велат дека влијаеле и други фактори, а научниците сакале својот експеримент да го прошират за дополнително да ја тестираат својата хипотеза.

Многумина што ја преживеале опсадата и кои го преживеале најлошото се утврдило дека имаат целосно поинаква структура на два гена поврзани со PPAR (пролиферација на пероксисом со инхибиција на транскиптаза за адипогенеза стимулирана со естрогени) и UCP (неповрзаниот протеин), семеен ген што игра главна улога во развојот, метаболизмот и термогенезата на поразвиените организми.

Жителите од опколениот град, денеска познат како Сент Петербург, имале гени што морале да ја минат мутацијата што ја зголемувала ефикасноста на активноста на клетките и намалениот губиток на енергијата, нешто со што ја одржувале телесната топлина.

Во текот на 872 дена опсада, од 8 септември 1941 година до 27 јануари 1944 година, жителите од рускиот град Ленинград биле опкружени со нацистички сили и биле отсечени од светот, без храна и витални продукти, на кои можеле да се потпрат. Градот постојано бил бомбардиран и луѓето умирале од глад и од непрекинат екстремен студ.

Острата зима од 1941 до 1942 година носела температури што паѓале и до 40 Целзиусови степени под нулата и без греење водоводната мрежа на Ленинград би била смрзната. Луѓето морале да собираат вода од дупките во ледот на заледената река во Нева.

Жителите издржале без храна и со строг рационален систем, со дневна потрошувачка на храна што била ограничена на 125 грама леб. Во еден момент се проценува дека бројката на загинати била околу 100.000 луѓе месечно, а многумина биле присилени да ги јадат и домашните миленици, стаорци, па дури и лепило. Многумина биле склони да полудат, а некои посегнале и по канибализам.

Додека вкупниот број загинати и понатаму останува нејасен, процените на жртвите од најсмртоносната опсада во историјата на војувањето се разликува до бројка од 1,5 милион цивили.

Научниците се надеваат дека нивното откритие може да биде корисно во развојот на начините за борба против дебелината, анорексијата и другите нарушувања поврзани со метаболизмот.

 

 

 

 

Scroll to Top