Руски остров преполн со воени бази, избришан од мапата на „Гугл“

Островот Жанет со површина од 3,3 квадратни километри мистериозно исчезнал од мапата на „Гугл мап“. Станува збор за остров долг околу два километри, кој се наоѓа во Источносибирското Море.

Жанет претставува дел од архипелогот Де Лонг. Тој е ненаселен, а откриен е на крајот на 19 век, за време на експедицијата Жанет, по која го добил името.

Експедицијата имала за цел да стигне до Северниот Пол низ Беринговиот Премин. Во текот на кратките и помалку неинтересни историски факти за овој остров и начинот на кој „Гугл мап“ го прикажува, се прераскажани голем број  теории на заговор за неговата улога.

Во некои од тие приказни се вели дека островот служел како место каде се потпишувале тајни договори со поранешниот американски претседател Барак Обама, па сè до престојувалиште за вонземјани, пишува Белингкет.

Недостигот на податоци за големата мапа на светот не е невообичаена појава, а некои подрачја дури и намерно се цензурираат или сокриваат. На Википедија постои текст што ја претставува листата на намерно или случајно цензурирани подрачја во светот.

Причината за ваквото затскривање би можела да биде криењето на постоењето на некои затвори, фабрики и слично. Сега, многумина теоретичари на заговор си го поставуваат прашањето зошто и овој остров ја доживува истата судбина.

Некои сметаат дека станува збор за тајни планови на претседателот Владимир Путин. Овие лица сметаат дека претседателот овој остров го користи за свои цели. Меѓу теоретичарите на заговор преднички и приказната за човекот од руската морнарица кој исчезнал во 2000 година, набрзо откако напишал пост на интернет за овој остров.

Голем број теоретичари објаснуваат дека осторовот веројатно е затемнет од „Гугл мап“ затоа што на истиот се наоѓаат воени бази или згради во кои се чуваат ракети. Но, не се исклучени и други геополитички мистерии.

Во една од теориите се споменува поранешниот американски претседател Барак Обама, кој наводно им ги предал низата  спорни острови околу Алјаска во поседство на Русија. Меѓу нив бил и островот Жанет. Островот можеби е сокриен од картата на „Гугл“, но е отворен за посетители и разни експедиции.

На руската социјална мрежа VKintakte, еден корисник објавил низа фотографии што ги снимил во 2011 година. Фотографиите покажуваат многу снег и лед, но не се забележува воена база или некаква слична градба.

Целото подрачје е прикажано и на еден профил на „Инстаграм“. Фотографиите се снимени во текот на руската експедиција Пакс арктик, кој ја водел истражувачот Лук Харди, а прикажана е во документарниот филм „Артик инкогнито“. Истражувачите чекореле низ островот и го снимиле од воздух.

Цртежите од 1881 година одговараат со фотографиите на социјалните мрежи, а по тие снимки може да се види дека островот бил често посетуван од патници и истражувачи. Сега се поставува прашањето зошто Жанет е затемнет.

Некои од теоретичарите се сомневаат дека станува збор за едноставна грешка на „Ландсат“, сателитот што ги снима подрачјата на земјата. При трансферот на фотографии грешката се илустрира на различни начини, а повеќето грешки се илустрираат со различни облици на снимените подрачја.

Така на пример, картата на Гугл покажува необичен жолт квадрат на границата меѓу Авганистан и Кина. Станува збор за грешка, а не за некоја намерна меѓународна цензура. Слично е и со островот Сенди, фантомски остров кој во низа на бази на податоци, светски атласи и карти се смета за реален. Научници сметале дека тој постои.

Локацијата на островот Сенди се верувало дека се наоѓа во Коралното Море, меѓу Нова Каледонија и Австралија. На картите се прикажувал најмалку 116 години. Тоа е последица на фактот што во 19 век картографите собирале податоци од разни извори, истражувачи, па дури и морнари. Но, не можеле да направат совршена географска карта.

Островот Сенди се наоѓа и на мапата на „Гугл“ иако тој не постои. Ова го имаат потврдено голем број  научници. Во реалноста на тоа подрачје се наоѓа само океан, а можно е црната дамка всушност да покажува недостиг на тло на подрачјето на кое се очекувало нешто да биде пронајдено.

Исто како островот Сенди и островот Жанет изгледа како место кое е рачно направено на картата на „Гугл“. Станува збор за црна дамка во облик на остров, слична како островот Сенди. Најголем број од научниците сметаат дека веројатно станува збор за грешка на „Ландсат“ и дека тој е виновен за црната дамка на картата.

Scroll to Top