САД биле првата земја со логори на смртта пред нацистичка Германија!

Звучи неверојатно, но колепката на денешната демократијата во современа смисла на зборот – САД била првата модерна држава на чија територија е водена таканаречената тотална војна, термин што најчесто се поврзува со Втората светска војна.

Тој се однесува на воениот конфликт во кој завојуваните страни ги мобилизираат сите расположливи ресурси и ги користат сите средства за целосно да ја уништат непријателската страна.

Имено, за време на американската граѓанска војна (1861- 1865) меѓу силите на Унијата (Северот) и војската на Конфедерацијата (Југот), многубројни битки биле до тој степен крвави што вистинскиот број загинати во одделни  битки никогаш не бил утврден. Покрај ова, заробениците биле мачени, убивани и без милост, иако се работело за земјопоседници.

Од ова време се сочувани и страшни фотографии на затвореници што биле изгладнувани и малтретирани во логори во Америка.

Пеколот на Земјата

Еден од малку познатите планови на северната војска бил изгладнувањето на силите на Конфедерацијата.

Војниците од југот живееле на работ на гладот, па немале сочувство за војниците од северот. Поради тоа, воените заробеници биле затворани во логори во кои биле оставени да живеат во најлоши услови. Ова важело и за двете страни.

Во северниот логор во Камп Даглас во Чикаго за неполни три години, колку што се служело и кој бил еден вид центар за притворените и заробени конфедерални војници, еден од четири заробеници починале од глад, болест и студ.

Од друга страна, екстремните услови биле секојдневни и во јужните кампови. Записите од преживеаните војници од северот говорат за тоа како да минале во пеколот на Земјата, без храна, топлина, место полно со стаорци, болести и мочуришта.

Целиот хорор се случувал во Andersonvillea

Судејќи според сè, најстрашното се случувало во логорот Andersonvillea во Џорџија, каде што од 45.000 војници на Унијата, колку што биле затечени таму, починале над 13.000. Што од дијареја, што од дизентерија, што од неисхранетост.

Логорот бил проектиран да прими 10.000 затвореници, но во рок од само шест месеци таа бројка била тројно зголемена, пишува History.com.

Логорот бил опкружен со голема ограда на која биле поставени пунктови со стражари. На 19 метри од местото била границата што затворениците не смееле да ја преминат.

Таа била одбележана со едноставна дрвена ограда, која била лесно да се прескокне или да се мине под неа. Но, сите што ќе се обиделе да избегаат, веднаш биле застрелувани. Многумина настрадале така што само ја протнале раката во обид да се дофатат до малку свежа вода, која била во просторот до оградата, а која така очајнички им недостигала на логорашите.

Со воспалени очи, со црни подочници од димот, болести, облечени во крпи, луѓето тука изгледале одвратно. Од денот кога сум се родил, никогаш не сум видел ваква несреќа“, запишал во својот дневник Џон Ренсон, еден од логорашите.

 

 

Scroll to Top