САД купуваат руски природен гас поради растот на потрошувачките цени среде поларниот студ

Причина за овој економски потег е наглиот пораст на цената на плинот на источниот брег на САД.

ЛНГ танкерот кој ѝ припаѓа на француската енергетска компанија „Енџи“ исплови од британското пристаниште кон американскиот терминал Еверет, кој се наоѓа во близина на Бостон.

Плинот што танкерот го превезувал се испорачувал од рускaта ЛНГ постројка во Јамал. Танкерот би требало да стигне во САД на 22 јануари.

Како што известуваат весниците, договорот е потпишан поради растот на цената на плинот на досега невидени 6300 долари за неколку илјади кубни метри на источниот брег на САД.

Екстремните временски услови, особено снежната бура, доведоа до огромно поскапување.

Американските санции против рускиот енергетски сектор не забрануваат испорака на ЛНГ од Москва во Америка.

Но, Вашингтон повеќепати нагласи дека сака да го промени клучниот добавувач на плин во Европа, Русија, и наметна санкции кон Москва. Санкциите треба да го запрат финансирањето на проектот на компанијата „Гаспром“ со Брисел.

Танкерот е наполнет во британското пристаниште непосредно откако рускиот танкер Кристоф де Маргери стигнал во Велика Британија во декември со првата серија руски LNG плин.

Во декември Русија отворила ЛНГ постројка во северниот дел на земјата Јамал. ЛНГ танкерот го добил името по поранешниот извршен директор на компанијата „Тотал“, Кристоф де Маргери, кој починал во авионската несреќа во Русија.

Танкерот може да пренесува до 173.000 кубни метри ЛНГ плин. Русија планира да изгради 15 танкери од оваа величина.

Речиси 96 проценти од производството на плин во Јамал е веќе договорено.

 

 

 

Scroll to Top