Сателитот Европа е идеално место за вонземјаните

Научниците сметаат дека сателитот на Јупитер, Европа, е главниот кандидат каде што би можеле да се населат вонземјаните. До ваквите податоци се стигнало по децении детаљно проучување на информациите што ги добиле од вселенското летало „Галилео“.

„Галилео“ е првото летало на Американската вселенска агенција (НАСА), кое во 1995 година влегло во орбитата на џиновската планета. Но, податоците што „Галилео“ тогаш ги испратил ги збуниле научниците.

Сега се убедени дека „Галилео“ пролетал низ воден базен, односно своевиден гејзир, кој се пробил низ ледената површина на Европа. Под тој леден покривач се наоѓа океан, двојно поголем од сите Земјени океани заедно.

Во тој момент леталото било 200 километри над Европа.

Scroll to Top