Што би се случило ако Земјата се движи двојно побргу?

Сите што живееме на планетата Земја не забележуваме дека нашата планета се врти. На социјалните мрежи се појави видеоснимка која објаснува што би се случило доколку Земјата се врти малку побргу, односно двојно побргу.

Дали тогаш би забележале дека таа се движи и како тоа би влијаело на нашиот секојдневен живот, климата и географијата?

Ние не чувствувавме дека Земјата се движи затоа што ние се движиме заедно со неа. Околу екваторот планетата се движи со брзина од 1.600 километри на час, па својата ротација завршува за 24 часа.

Тоа значи дека ако стоите на екваторот, можете да минете дури 40.234 километри за еден ден, а ако се движите двојно побргу, би изгубиле половина ден.

Добрата вест е тоа што светот се движи двојно побргу, тогаш луѓето би имале значително помала тежина. Гравитацијата нѐ спречува да одлетаме од планетата, а на екваторот човекот ќе биде полесен за дури половина килограм.

Тоа е причина поради тоа што земјата се движи побргу, па со самото тоа силата е поголема. Лошата вест е што никогаш повеќе не би ги гледале нашите омилени серии и емисии.

Сите наши сателити би се синхронизирале со брзината со која Земјата се движи околу својата оска. Кога брзината малку би се зголемила, тие би одлетале од орбитата.

Со самото тоа нашите денови би биле пократки, па се поставува прашањето дали би можело да спиеме само четири часа место осум.

Тоа се однесува и на храната. Дали би ни било доволно да јадеме само еднаш или двапати дневно наместо да имаме три оброци.

Луѓето би морало да организираат нов распоред и календари затоа што повеќе не би имале 365 дена во годината, туку неверојатни 730.

Сепак, не би можеле да се приспособат на ваквото темпо, па некои видови би изумреле затоа што не би можеле да се адаптираат. Исто така, луѓето би морало да го зголемат своето темпо и да го забрзаат ако сакаат да опстанат.

Најголемата штета би можела да настане во нашата клима затоа што промените би биле екстремни. Временските непогоди би биле двојно посилни.

Ако Земјата би се движела побргу, ураганите би биле посилни, а би се создала и смртоносна катастрофа.

Кога Земјата би се движела околу 3.200 километри на час, тогаш целата вода од северната и јужната хемисфера би пристигнала на подрачјето на екваторот.

Поради тоа, некои земји, како Еквадор, Венецуела, Колумбија, Бразил, Сингапур, Индонезија и други, би биле поплавени.

Така што следен пат кога ќе се пожалите дека имате долг ден, бидете среќни што не е покус затоа што нашите животи зависат од тоа, сметаат научниците.

 

 

 

 

Scroll to Top