Што се крие зад најголемиот пад на цената на нафтата

Падот на цената на нафтата на берзата во Њујорк, не е невообичаена појава. Продавачите на нафта, сега мораат за секој барел да доплатат на купувачот и 40 долари, нешто што предизвика општа забуна, а во некои кругови и паника. Ова го вели главниот уредник на „Спутњик“ Љубинка Милинчиќ, а го пренесува „српски Курир“.

Таа објаснува дека коронавирусот ги има пореметено плановите на шпекулантите, кои планирале за кратко време да се збогатат на цената на нафтата, искористувајќи го моментот со опасниот вирус.

„Како што е познато, цената на нафтата наеднаш падна откако на состанокот на ОПЕК, Русите и претставниците на Саудиска Арабија, не се договорија околу тоа колку да се намали производството на нафтата. Русија инсистираше на тоа да се продолжи работниот договор, а Саудиска Арабија да се намали производството уште повеќе. До договор не дојде, иако Арапите многу поевтино ја добиваат нафтата, затоа што нивниот буџет е планиран на 80 долари“, вели Милинчиќ.

Таа објаснува дека Саудиска Арабија ќе продолжи да го продава црното злато по ниска цена, дури и ќе дава невообичаено попусти. За пример, на цена од 40 долари, таа ќе дава попуст од 10 или 20%. Милинчиќ вели дека ваквата цена е интересна за берзанските шпекуланти, затоа што нафтата, за разлика од гасот е шпекулативна роба. Нафтата може да се чува, па затоа се купува на берзата кога е евтина, потоа се складира и се продава кога е скапа.

Шпекулантите за брзо време ги наполнија складиштата во очекување дека двете клучни земји, произведувачи, ќе се договорат околу цената. Тоа се случи на новиот состанок, десет дена по првиот, но новиот договор не влијаеше на цената.

„Коронавирусот ги замрси сметките. Економијата во целиот свет е запрена. Оддеднаш не работи економијата, не работи индустријата, дури ни греење нема, затоа што времето во Европа е убаво. На никого не му е потребна нафта сега. Има сè помалку простор во складиштата, а ако се најдат случајно, цената за складирање на нафтата сега е многу висока“, вели Милинчичева и објаснува дека мајските фјучерси (договори со продавачот кои предвидуваат дека во моментот на стабилизирање на состојбата, мора да се повлече нафтата) доспеале на 21 април.

Затоа шпекулантите побрзале да се ослободат од купувањето на нафта, смета Милинчиќ и вели дека тоа е причина што цената која за 40 долари во минус не е нереална. Тоа и понатаму е помалку отколку што сопственикот би платил за нејзино складирање. Берзата понекогаш живее одвоено од реалниот свет и вообичаено е кога ќе се случи нешто вакво, вонредно, таа да се затвори, за потоа во нормални услови, повторно се отвори.

Зошто тоа не е направено во овој случај, останува мистерија, смета Милинчиќ. Во секој слуај, берзата почнува да се опоравува, а цената на нафтата и понатаму е ниска, но не е премногу негативна.

Милинчиќ објаснува дека „нафтениот удар“ ја погодил само американската нафта со шкрилци. Во исто време нафтата 40 „Уралс“ и „Брент“ се продавале за цена од околу 25 долари. Сега веќе се тргува со јунските фјучерси кои ќе доспеваат во мај.  Тие веќе деновиве се продаваат по цена од 25 или 26 долари.

Тоа е навистина ниска, но не е негативна цена. Што ќе се случува понатаму, зависи од тоа дали економијата ќе почне да се опоравува.

„Економијата, како што се очекува почнува да се опоравува. Затоа што гледаме низ светот како почнуваат протести на луѓето кои сакаат да се вратат на работа, затоа што се плашат за нивната иднина. Сè повеќе се слуша паролата „Повеќе сакам да умрам од корона отколку од глад“. Оној момент кога економијата ќе проработи, нафтата повторно ќе биде потребна и полека ќе почне да се враќаат работите во нормала. Никој не очекува нафтата во иднина да достигне цена од 100 долари, но ако до крајот на годината се врати на 50, 60 долари, тоа ќе биде голема работа и знак дека човекот го победил вирусот кој успеал да го поремети целиот свет“, заклучува Милинчиќ.

Scroll to Top