Шведската влада троши милиони за да ги натера граѓаните да јадат инсекти

Шведската влада е исклучително посветена на борбата против климатските промени трошејќи многу пари од даночните обврзници за развој и производство на месо направено од црви и инсекти.

Шведската владина агенција „Винов“, која дистрибуира пари за истражување и развој, троши околу 261 милион долари за замена на конвенционалното месо со climate-friendly, месо од инсекти и други чудни алтернативи.

Зелените активисти и Обединетите нации стојат зад политичките иницијативи, како оние од „Понеделник без месо“, пристап кон вегетаријанството, кои се темелат на претпоставки дека потрошувачката на месото влијае на климатските промени.

Втор начин да се намали таканаречениот товар на земјата е месниот протеин да се замени со протеин добиен од месо од инсект.

За таа цел агенцијата „Винов“ доделила половина милион круни за петнаесет проекти во земјата, од кои секој имал  задача да даде свој прототип на нова храна.

Меѓу проектите е и обидот да се произведе добар и здрав производ од црви, кои се одгледуваат од остатоци од храна и кои на крајот може да станат извор на протеини. Потоа, месо изработено од рафинирани црни и месо направено од климатски паметни инсекти, како што се штурците.

Другите примамливи прехранбени понуди вклучуваат инсекти со климатско-габични протеини, како и здрава вегетаријанска скара направена од нуспроизводи и влакнести суровини.

Во ноември ќе биде одржано натпреварувањето за избор за најдобар производ со потенцијално дополнителни два милиона круни, вложување од страна на владата за храната да почне да се користи и во секојдневието.

Според соопштението од „Винов“, проектот има цел да ја зголеми конкурентноста на шведската прехранбена индустрија со производите што се развиени врз основа на економските суровини што може да се произведат во Шведска.

Швеѓаните може да гледаат во иднината преку ваквиот вид исхрана, која набргу ќе се најде во нивните трговски центри.

Оваа иницијатива ќе ги натера граѓаните да преминат на конвенционално месо и да се борат против климатските промени, нешто што го направи Данска, и да размислува дали ќе воведе нов данок на црвеното месо.

Scroll to Top