Смртта на рускиот астронаут Гагарин до ден денес остана неразјаснета

Јуриј Гагарин ја освоил вселената, но неговиот живот заврши неславно на 27 март 1968 година. Русинот загинал за време на тренинг-летот со авионот „миг 15“, а неговата смрт и по половина век останува неразјаснета.

Во врска со неговото трагично загинување се поставуваат голем број  прашања и се конструираат многу теории на заговор. Гагарин стекнал статус на легенда кога станал првиот човек кој полетал во вселената на 12 април 1961 година. Полетал од Земјата како обичен пилот, а се вратил како легенда.

Во Советскиот Сојуз го почитувале како рок-ѕвезда. По славниот лет низ вселената, советските власти веднаш го испратиле Русинот на патување во 30 земји низ светот. Имал ручек со кралицата на Англија, Елизабета II, со која се сликал за спомен. Претседателот на Египет му подарил златни клучеви од вратите на Каир и Александрија.

Во Хавана, Гагарин се запознал со Фидел Кастро. По три години патување низ светот, Гагарин се вратил на својата работа. Почнал со усоврушување на пилотските вештини. Гагарин се приклучил на програмата за летна обука на Инженерската академија за воено воздухопловство „Жуковски“. Русинот сакал повторно да лета во вселената.

„Не можеме од Гагарин да направиме музејски експонат. Тоа би го уништило“, напишал неговиот претпоставен и пријател Николај Каманјин. Николај бил раководител за подготовката на космонатутите по Советската вселенска програма. Москва имала намера да го испрати Гагарин на уште една вселенска мисија, но тој план не се остварил.

На 27 април 1968 година времето било облачно и тмурно. Гагарин вежбал лет со ловецот „миг 15 УТИ“, заедно со својот учител Владимир Серјогин, искусен пилот кој во Втората светска војна бил награден со медал „Херој на Советскиот Сојуз“.

Полковникот Серјогин ја проверувал техниката на летот на Гагарин пред да го пушти да лета со новиот авион „миг 17“. Во 10:19 часот Гагарин и Серјогин полетале од воениот аеродром Чкаловски во Московската Област.

Планирале да летаат најмалку половина час, но Гагарин веќе во 10:32 минути им соопштил на контролорите на летот на земјата дека се враќаат во базата. Набрзо потоа врската со авионот целосно исчезнала. Кога авионот исчезнал од радарот, властите се пуштиле во потера и испратиле авиони и хеликоптери да ги пронајдат.

Четири часа подоцна биле пронајдени делови од авионот на Гагарин недалеку од градот Киржач. Телото на Гагарин не било пронајдено. По повод неговата смрт, била покрената истрага. Резултатите од истрагата официјално биле објавени во 2011 година, по повод 50-годишнината од неговиот лет во вселената.

„Најверојатно причина за катастрофата бил остар маневар со цел да се избегне судар со воздушен балон за проучување на атмосферата. Така авионот влегол во критичен момент на летање“, изјавил Александар Степанов, претставник на Претседателската архива.

Според оваа верзија, смртта на Гагарин била означена како несреќен случај. Големиот балон изненадувачки се појавил на патот на Гагарин, а пилотите во очајнички обид да го избегнат, предизвикале неконтролирано паѓање на авионот. Авионот бил дополнително оптоварен со двата резервоара со гориво, поради што летал и побавно.

Отежнувачки фактор биле и густите облаци. Сепак, официјалната верзија за смртта на Гаргарин не била по волја за многумина, па така се појавиле и други теории на заговор. Некои теоретичари претпоставуваат дека Серјогин доживеал срцев удар за време на летот.

„Можеби едноставно паднал на едната управувачки лост, нешто што предизвикало фатални последици“, вели советскиот космонаут Виталиј Жолобов.

Пилотот Игор Кузњецов, кој учествувал во истрагата за смртта на Гагарин, смета дека пилотите го изгубиле животот поради неочекувана дехерметизација во кабината. Поединци сметаат дека пилотите почнале да го губат притисокот на висина од 4000 метри, пред да изгубат контакт со базата и контрола над авионот.

Според една од верзиите пилотите изгубиле контрола над авионот „миг 15“. Во своите мемоари инженерот Валентин Козирев напишал дека еден форензичар му раскажал дека се расипал моторот на авионот и тоа предизвикало губеше висина, а пилотите се обидувале да го вратат во нормална положба, но безуспешно.

Алексеј Леново, колегата на Гагарин и прв космонаут кој излегол во отворената вселена во 1965 година, во 2013 година изјавил дека поради невнимателниот маневар на друг авион, загинале Гагарин и Серјогин.

Друг авион полетал над нив, со брзина поголема од брзината на звукот и го принудил „миг 15“ да губи висина. Но, ниту една од овие теории не е докажана. Очигледно е дека Гагарин и Серјогин загинале во трагични околности поврзани со технички неправилности, лошите временски услови, но можеби и човечки фактор.

Scroll to Top