Специјалците ќе ги затвораат џамиите, ако истите сметаат дека го поттикнуваат тероризмот

Поради новиот закон против тероризам во Франција повеќе нема да има два или три проценти на луѓе кои имаат разбирање за поедини терористички акции, или војни на поедини исламистички групи, туку тој број ќе порасне на 20 до 30 проценти од сите оние кои се чувствуваат загрозени, истакнува експертот за тероризам.

Иако во тек е усвојувањето на антитерористичкиот закон, според истражувањето „figaroa“, истиот го поддржуваат околу 57 проценти од Французите. Експертите и дел од јавноста сметаат дека со истиот нема многу да се направи во борбата против тероризмот, но дека во добра мера ќе бидат намалени граѓанските права и слободата на граѓаните.

Меѓу останатото, со новиот закон полицијата и службените лица ќе бидат овластени да им ги пребаруваат домовите на граѓаните, да им изрекуваат казни како што е домашен притвор и затворање на џамиите.

Во затвор без докази

Законот на сите најголеми официјални лица од локалната самоуправа ќе им овозможи да ги затвораат џамиите, и црквите храмови и религиски објекти, ако се утврди дека проповедниците потикнуваат напади или глорифицираат тероризам. Раководството на религискиот објект има 48 часа да вложи жалба по одлуката за затворање, а истражителите не мораат да приложат докази за радикално пропведување или „верски“ списоци со слична тематика.

Верските објекти можат да се затворат на основа на „идејата и теоријата“, кои верниците ги разменуваат меѓу себе.

Законот понатаму и дава на полицијата овластување да спроведе рација, што е еден од најконтроверзните точки на истиот, затоа што малцинските групи се загрижени поради (дополнителното) злоставување.

Министерот за внатрешни работи може да го симпатизира џихадот и да го стави под своевиден домашен притвор, иако не е осуден за злочинот, и тоа без претходно одобрение на судот.

Препишување од Британците

Експертот за тероризам Џевад Галијашевиќ потстува дека сличен закон е усвоен во Велика Британија пред повеќе од три години, што е протолкувано како дел од процесот за „дерадикализација“, во рамките на кругот каде се разговарало за забрана на враќањето во земјата на борците, меѓу останатите други мерки.

Според неговите зборови, францускиот закон е многу сличен на британскиот, и во суштина ги стигматизира и ги обвинува мислиманите и шири круг на луѓе, кои ги смета за одговорни за терористичките акции, што е бесмислено.

„На овој начин повеќе нема да имате два или три проценти на луѓе кои имаат разбирање за поедини терористички акции, или војни на поедини исламистички групи, туку тој број ќе порасне на 20 до 30 проценти од сите оние кои се чувствуваат загрозени, истакнува експертот за тероризам“, вели Галијашевиќ.

На сличен начин, ни Швајцарскиот референдум за забрана на изградба на минариња не ги казни терористите, затоа што таквите мерки не ги казнуваат терористите, туку вистинските верници, оние кои доаѓаат во верските објекти, за да се помолат на Бога, и додаваат дека таков е францускиот закон.

Враќање на незадоволните терористи

„Франција е фрустрирана од терористичките акции кои се изведуваат на нејзино тло, но тие имаат длабоки и јасни образложение, зошто истите се случувале. Секогаш имале јасна позадина, било да станува збор за француското учество во војните на Блискиот исток, за нивната репресивна политика, рушење на поедини режими, или за врбување и користење на тие терористи за сопствени потреби.

Кога еднаш ќе влезете во шемата на договарање со терористичките организации, кога со нив ќе правите бизниси, компромиси и договори, порано или подоцна тие ќе се вратат кога ќе бидат незадоволни“, смета Галијашевиќ.

Според неговите зборови, однесувањето во Сирија е клучната причина за „казнување на западните земји“, како Британија и Франција како и многу случувања во САД, каде одредени терористички групи, со кои и денеска соработуваат, им се ветени одредени работи, кои не се исполнети.

Денеска, наместо да се направи се за да се поразат терористичките организации на важни воени полиња, западните земји, се повеќе прибегнуваат кон тоталитарните и недемократски решенија.

„Тие буквално одат во тој длабок цивилизациски конфликт напаѓајќи ги сите муслимани, а нивните решенија за борба против тероризмот воопшто не е решение за борба против тероризмот, туку за борба против исламот, против ширењето на религија и тоа така ќе биде дозволено и во исламските заедници во Франција“, предупредува Галијашевиќ.

Исламизмот од гето

Доколку Франција навистина сака да го сузбие тероризмот, би требало буквално да ги промени безбедносните процедури кои подразбираат доследен надѕор над радикалните идеологии и групи кои ги промовираат.

Потоа, би требало да се откаже од употребата на терористички групи, затоа што секоја употреба на терористички групи, организација и поединци е класична злоупотреба против државата. Антитерористичките мерки кои би требало да ги превземе се следење на парите, и луѓето, санкционирање на учесниците во терористичките групи, а тоа се мерки предвидени со законот.

По казнувањето, би требало да следи процес на ресоцијализација на поединците, односно нивна дерадикализација.

„Францускиот радикален исламизам доби и свои гета, кои не се погодни за Западна Европа. Не можат да постојат два Париза, еден во гето, а друг како Градот на Сонцето, најубавиот град на планетата. Франција мора прво да ја примени својата безбедносна политика и да се откае од соработката со терористите“, заклучи Галијашевиќ.

 

 

Scroll to Top