Стационарите за незгрижени животни сакаат да ги хранат кучињата со вегетаријанска храна

За многумина кучињата се прва асоцијација за домашни миленици. Па се поставува прашањето зошто калифорниските стационари за животни сакаат да ги хранат кучињата со вегетаријанска исхрана?

Градскиот одбор на Лос Анџелес за заштита на животни во моментов го разгледува предлог-законот со кој системот за заштита за животни ќе го претвори стационарот во место во кое кучињата ќе се хранат строго со вегетаријанска храна.

Се разбира, постојат неколку добри причини зошто другите стационари не ја вовеле ваквата промена, но тоа не ги спречило либералите во Калифорнија да ја истуркаат својата неприродна идеја за исхрана за најдобриот пријател на човекот.

Идејата прв ја предложил комесарот Роџер Волфсон, кој е истовремено и холивудски сценарист. Тој тврди дека вегетаријанската исхрана може да ги елиминира здравствените проблеми кај кучињата. Но, за него вистински проблем претставува влијанието што го има месната индустрија.

Освен тоа, тој го критикува моментот на етика, односно хранење на кучињата со месо од други животни. Очигледно никој не му споменал дека животните редовно јадат други животни во дивината. Токму заради тоа природата им дала остри заби.

Комесарот Волфсон притоа го турка вегетаријанството на целосно ново ниво и изјавува:

„Овде се работи за долгорочен опстанок на секој човек, жена и дете во оваа соба, и сите луѓе во нашите животи“.

Некои од оние кои го поддржале предлогот се и феминистичката адвокатка Лиса Блум и музичарот Моби, кој изјавил на состанокот на одборот дека усвојувањето на овој закон би му докажал на светот дека Лос Анџелес е прогресивен град.

Ветеринарите не се за тоа  стационарите за кучиња да им даваат на животните вегетаријанска храна.

Шефот на вегетаријанскиот државен оддел во Лос Анџелес, Џереми Прупас, препорачува предлогот да биде одбиен. Во извештајот изјави дека таквата исхрана би му го одзела на кучињата нивото не само на протеини туку и на калциум и фосфор. Тој исто така додал дека тоа е неадекватен начин на прехрана на кучињата кои дојат.

Прупас исто така ги контактирал и од медицинската установа за стационирање на животни, ветеринарски токсиколог и три ветеринарски клинички нутриционисти од медицинска школа, и ниту еден од нив не бил во корист на хранењето на кучињата со вегетаријанска исхрана.

Додека кучињата кои се во приватно сопствеништво се хранат со ваков вид прехрана од страна на нивните сопственици, животните кои се во стационари често се под стрес и доаѓаат со различни навики на исхрана.

Некои ветеринари велат дека во теорија кучињата не би можеле да преживеат на вегетаријанска храна, но тоа всушност е многу посложено отколку едноставно да го замените месото во нивните оброци со билна храна.

Експертите велат дека вистинската рамнотежа меѓу протеините и другите елементи е неопходна за да се осигура дека кучето ги добива сите хранливи материи кои му се потребни откако ќе се префрли на оваа неприродна исхрана. И тоа е нешто што полесно е да се каже отколку да се изведе.

Градот Лос Анџелес има шест животински стационари, со 33.000 кучиња кои минуваат низ центарот секоја година. Животните моментално се храна со традиционална прехрана која се состои од пилешко, мисирки, јагниња, како и ориз и житарици.

 

 

Scroll to Top