Тајна католичка организација држела робовладетелски синџир во Париз

Повеќе членови на тајната католичка организација „Опус деј“ ќе се соочат на суд со обвинување за водење детски робовладетелски синџир во Париз.

Двајца членови на сектата се обвинети од страна на француските обвинители за постапување со учениците како со сексуални робoви.

Жртвата Кетрин Тисие вели дека била принудена да работи како слуга во оваа секта речиси без плата.

Вели дека имала 14-часовен работен ден, седум дена во неделата, само чистејќи и послужувајќи.

Случајот против „Опус деј“ во Париз следува по деветгодишната истрага за праксата на организацијата.

Шефот на училиштето и шефот на верската група северно од Париз се дел од обвинувањата во овој случај.

Тисие му се приклучила на училиштето во 1985 година кога имала само 14 години и вели дека била принудена да го даде својот завет и да положи заклетва дека е подложна на перење на мозокот.

Обвинетите ги негираат обвинувањата и инсистираат на тоа дека била адекватно платена за својата работа.

„Опус деј“ има околу 85.000 члена во светот и додека ја има поддршката од Католичката црква, критичарите веруваат дека таа организација е тајна и манипулативна со заговори.

 

 

Scroll to Top