Тајни документи покажуваат: Милошевиќ бил ментално болен

Поранешниот претседател на СРЈ и на Србија, Слободан Милошевиќ, боледувал од шизофренија, тврди некогашниот премиер и сојузен министер за внатрешни работи, Зоран Живковиќ. Овие свои тврдења ги поткрепил со документи од 1990 година, потпишани од Радмило Богдановиќ, кој во тоа време бил секретар на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи.

„Утврдено е дека другарот Милошевиќ боледува од повеќе болести, но две се најприсутни:  шизофернија и дијабетес. Лекарите здравствената состојба на другарот Милошевиќ ја оценуваат како многу тешка, а неговите работни способности – ограничени“, се наведува во дописот кој Богдановиќ му го упатил на Јовиќ, а кој е заведен со ознаката „строго доверливо“, пишува српски „Курир“.

Живковиќ истакнал дека верува во автентичноста на документот, бидејќи тој самиот го добил од доверлив извор, од човек од редовите на Српската радикална партија, кој во 2000 година имал задача да ги испразни архивите на парѕијата.

„Немам причина да се сомневам во веродостојноста на документот. Зошто некој би измислувал непостоечки дијагнози за човек кој е одамна мртов? Ова е само доказ дека државата ни ја водел шизофреничар“, додал Живковиќ во интервјуто.

Scroll to Top